Јанша: Можен напредок со Северна Македонија и Албанија во октомври ако има договор

Брисел, 6 јули 2021 (МИА) – Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, одржа прес – конференција по неговото обраќање пред европратениците во Стразбур денеска, и истакна дека можен е напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите – членки, јави дописничката на МИА од Брисел.

Словенечкиот премиер рече дека не ги разбира земјите – членки на ЕУ кои се противат на проширувањето, но смета дека е потребна дебата на темата.

-Постои дилема во Европа дали проширувањето е од стратешка важност или не, рече Јанша.

Тој нагласи дека според него тоа е случај и дека во последните петнаесет години ЕУ не само што не се проширила, туку и е намалена.

Во меѓувреме, додаде Јанша, други сили влијаат врз регионот на Западниот Балкан.

-ЕУ поминува премногу време да одговара тактички на последиците создадени од другите, ЕУ е прекрасна идеја и сакаме други земји да се приклучат, правиме сѐ што можеме да им помогнеме на овие земји да се приклучат, рече Јанша, чија земја на први јули го презема кормилото на ЕУ за шест месеци.

За Словенија проширувањето треба да биде врвен приоритет во Советот на ЕУ помеѓу земјите – членки.

-ЕУ прави големи чекори напред кога се фокусира на нештата, ако проширувањето стане шеста тема на дневен ред никогаш нема да стигнеме до темата, ако ја кренеме темата ќе можеме да направиме конкретни чекори напред, Албанија и Северна Македонија можат да одат напред на следниот самит во октомври ако се концентрираме сите на тоа, Европската Комисија помага, но тоа е политичка одлука, рече шефот на словенечката влада.

Јанша додаде дека тој не ги разбира противниците на проширувањето и изрази надеж дека со дебатите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа ќе се отвори таа дискусија.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која исто така учествуваше на прес – конференцијата, нагласи дека Западниот Балкан е дел од европското семејство, но дека треба прво да ги оствари потребните реформи и исполни условите.

-Целта е да ги започнеме Меѓувладините конференции со Албанија и Северна Македонија, тоа се многу конкретни чекови, а ние како Комисија поднесовме инвестициски план од 9 милијарди евра за поддршка Западниот Балкан да го развие регионалниот пазар, што е подготовка за приклучување кон заедничкиот ЕУ пазар, изјави Фон дер Лајен.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе