Јанша: Сега ни требаат САД повеќе од кога било по падот на Берлинскиот ѕид

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави за CNN дека треба да се воспостави мировна мисија во Украина, но дека тоа ќе биде можно дури по прекинот на воените дејствија, пренесоа денеска словенечките медиуми.

„Дури кога Украинците ќе се одбранат, ќе дојдеме во ситуација да зборуваме за мировна мисија, дотогаш мораме да направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани“, рече Јанша.

Единствената организација која би можела да изврши таква вистинска мисија е НАТО, рече Јанша, додавајќи дека се согласува со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, кој побарал од Алијансата таква мисија.

Русија реагираше дека секој контакт меѓу руската армија и НАТО во таа смисла ќе доведе до непоправливи последици.

Украинците се решени да се бранат и да ја добијат војната со агресорот, а Западот треба да продолжи со санкциите против Русија за да ги запре непријателствата и во меѓувреме да продолжи да ѝ помага на Украина со оружје, рече Јанша.

„Санкциите ќе ги ослабат Русите и тие мора првенствено да влијаат на руската воена машина. Руската технологија се заснова на делови произведени на Запад и мислам дека тоа е она на што сега треба да се концентрираме“, рече Јанша.

„Во Европа ја занемаривме безбедносната ситуација во последните децении. Сега ни требаат САД повеќе од кога било по падот на Берлинскиот ѕид“, рече словенечкиот премиер.

URL

Во Словенија денеска официјално започна кампањата за парламентарните избори на 24 април, а опозицискиот левичарски центар неодамна го обвини Јанша дека со зачестените медиумски и политички настапи поврзани со руската агресија излегува од заедничкиот блок на НАТО и ЕУ. против Украина, користејќи ја таа тема за влијание врз гласачите.

Јанша беше меѓу првите што на почетокот на агресијата зборуваше за потребата од создавање зона на забранети летови над Украина.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе