Јапонскиот робот на Месечината ја преживеа „лунарната ноќ“

Јапонскиот робот ја преживеа „лунарната ноќ“ на Месечината, која трае како две недели на Земјата.

Тоа е период на екстремен студ и целосен мрак, јавува BBC.

„Синоќа испративме команда до #SLIM и добивме одговор“, напиша на X Jaxa (Јапонската национална агенција за вселенски истражувања).

За време на незгодното слетување минатиот месец, соларните панели на лендерот беа свртени на погрешна страна, спречувајќи го да генерира енергија. Ставен е во режим на мирување. Промената на правецот на сончевите зраци му овозможи да испрати некои слики подоцна, но повторно се исклучи кога падна лунарната ноќ. Jaxa објави дека SLIM (Smart Lander for Investigating Moon, прев. Анг. Паметен лендер за истражување на Месечината) не е дизајниран за суровите лунарни ноќи. Тие напишаа дека во средината на февруари, кога Сонцето повторно ќе засвети на соларните панели, тие ќе продолжат со мисијата.

URL

„Веста дека SLIM се рестартира по студената лунарна ноќ е значајна“, рече д-р Симеон Барбер. „Преживувањето на лунарната ноќ ќе биде еден од клучните технолошки предизвици со кои ќе се соочиме ако сакаме да започнеме долгорочна мисија на Месечината.“

Д-р Барбер објасни дека SLIM слета во близина на екваторот на Месечината, каде што температурата на земјата достигнува над 100 степени Целзиусови напладне, но паѓа на -130 Целзиусови степени навечер.

Jaxa извести дека комуникацијата со роботот брзо била прекината, во времето кога на Месечината било среде денот, што значи дека температурата на комуникациската опрема била многу висока. Велат дека чекале да се изладат инструментите, при што се подготвиле да ја продолжат операцијата.

За време на периодот на „будење“, SLIM испрати нови слики на Земјата. Во Jaxa се надеваат дека откако ја преживеал лунарната ноќ, ќе може нормално да продолжи со работата.

Лендерот не само што е буден, туку и продолжува да собира научни податоци. Новите снимки од мисијата на објавени на профил на мисијата на јапонски јазик покажуваат нова зона на Месечината „која не беше видлива минатиот пат“, се вели во објавата на платформата X преведена од јапонски јазик со помош на Google Translate, пишува Space.com. Сликите се направени со помош на навигациската камера на мисијата, напишаа претставниците на SLIM во друга објава, иако тимот планира повторно да воспостави контакт само кога локалните температури ќе паднат на побезбедни нивоа.

URL

По слетувањето минатиот месец, Jaxa стана петтата национална вселенска агенција која безбедно слета вселенско летало на Месечината, по САД, поранешниот СССР, Кина и Индија.

Минатата недела американското вселенско летало Odysseus стана првото приватно роботизирано вселенско летало кое успешно слета на Месечината.

Како SLIM, и тоа слета незгодно. Компанијата Intuitive Machines, која управува со вселенското летало, верува дека роботот се превртел на страна за време на слетувањето. Odysseus сè уште работи и комуницира со центарот на Земјата. Сè уште нема објавени снимки од експедицијата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе