Каде треба да седи шефот и зошто е тоа важно?

Главните, директорите, шефовите, газдите... како и да ги наречете, тие се најгоре во хиерархијата на работното место и тоа најчесто се гледа и по нивната физичка просторна позиционираност.

Тоа значи дека шефот најчесто ја добива најголемата канцеларија, со најубав поглед и најмалку „комшии“, а на состаноците со вработените седи на чело на масата.

Што ќе се случи ако ги баталиме или барем малку ги поместиме овие „правила“? Може да се смени културата на однесување во целата компанија.

Исто како што говорот на телото на шефовите испраќа невербални знаци до вработените, и изборот на локацијата каде ќе работат во зградата и каде ќе седат на состаноци кажува многу.

Во некои организации има неповрзаност меѓу зборовите што шефовите ги користат за да ја пренесат културата на однесување што сакаат да ја спроведат, со пораката што ја испраќа нивниот физички простор.

Простор за работа

За некои шефови добро е да се откажат од приватната канцеларија и да седнат на биро заедно со останатите вработени во заедничкиот канцелариски простор, особено во помали компании.

Тоа испраќа порака дека се „лесно пристапни“, како за новите, така и за постојните вработени. Ваквото позиционирање ја олеснува комуникацијата и ја руши бариерата дека треба да се обратите на шефот само за најважните прашања. Понекогаш консултација во процесот на работа може да ви заштеди многу нерви, време и на крај, пари за компанијата.

Ако им е потребно да разговараат со некој од вработените приватно тогаш ја резервираат салата за конференции. Ако некогаш им треба простор за работа, работат од дома, а ако само им треба тишина од околината, ставаат слушалки. Но нивната пристапност и достапност се непроменети.

Ваквиот стил на работа сепак е помалку применлив во големи компании и корпорации. Едноставно, шефот (тука зборуваме за главниот извршен директор) не може да им биде достапен на стотици или илјадници вработени. Тука веќе станува збор за доверливи разговори, преговори и чувствителни теми што не се за сите.

И за тоа има решение. Наместо најголемата канцеларија на најгорниот кат, главниот извршен директор може да се одлучи за помала канцеларија на средината на зградата, по можност со стаклени ѕидови.

На тој начин одржува некое ниво на достапност, а на вработените им влева чувство дека не секогаш нештата се решаваат „од врвот надолу“.

Време е за состанок

Една работа што шефовите ја прават секој ден е состанок со (дел од) вработените.

Дали состанокот е со останатите шефови на одделенија кои доставуваат извештаи или со поширок избор на вработени за споделување идеи, целта на состанокот одредува каде е најдобро да седне шефот.

За состаноци чија цел е соработка и главниот извршен директор игра улога на модератор, најдобар избор се тркалезни маси. Ако на располагање имате овална или правоаголна маса, се препорачува воопшто да нема поставено столчиња на двата краја на масата, за да нема „главно место“.

Ако целта на состанокот е решавање на конфликт и шефот треба да биде судија, најудобно за сите ќе биде шефот да седи на чело на масата.

Во вакви ситуации, луѓето сакаат лидерот да го истакне своето присуство и авторитет.

Тагови
реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Живот

Кога почнува староста?

Read more

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе