Уредите и медиумите претставуваат вид забава од кој не можат ни децата да избегаат. Но, колку време е потребно за гледање телевизија, а детето да не стане зависно?
„Експертите за мали деца до 3 години препорачуваат помалку од еден час пасивно гледање телевизија во текот на денот“, објаснува д-р Кристи Гудвин, советник за родителство во дигитално доба и додава дека родителите не мора строго да се држат до овие насоки.
Докторката додава дека најважна работа е времето минато пред екран да не заменува други оправдани искуства за кои учат малите деца, а кои им се потребни за оптимален развој.
„Тие искуства вклучуваат креативни игри, интеракции со врсниците, семејството и физичката активност“, советува таа.
Како да го надгледувате времето минато пред екран?
Многу е важно да примените граници за да поттикнете здрав однос со технологијата и на тој начин му овозможите на детето позитивна навика на користење медиуми во текот на детството.
Идеите кои им помагаат на родителите вклучуваат одредување на бројот епизоди од цртани филмови кои децата можат да ги гледаат, (тоа е помалку апстрактно отколку да одредите временски период бидејќи малите деца тоа уште не го разбираат). На пример, дозволете му на детето да изгледа една епизода од омилениот цртан филм, но предупредете го дека ќе го исклучите уредот веднаш откако ќе заврши епизодата.