Како да го заштитите вашиот смартфон од хакери?

Какви информации и да чувате на вашиот телефон, сигурно сакате тие да бидат заштитени и безбедни, што подалеку од хакерите кои би можеле да ги искористат вашите лични податоци за кражба на идентитетот или за да подигнат пари од вашата банкарска сметка.

Ако навистина сакате да се заштитите од хакери, инсталирајте ги апдејтите за вашиот оперативен систем во истиот момент кога тие ќе станат достапни. Но, кога ќе инсталирате апликации за телефонот, добро размислете пред да одобрите пристап до вашите податоци.

Овие инструкции се однесуваат најмногу на корисниците на телефони со оперативен систем Android, бидејќи постапката за проверка на безбедност на апликациите кај Google не е толку детална и строга како кај Apple.

Основната препорака е да не инсталирате ништо од непознати и непроверени страници. Дури и „безопасните“ апликации на вашиот телефон можат да се претворат во опасни со наредните апдејти. Затоа, најдобро е да одвоите неколку минути додека инсталирате нови апликации за да ги прегледате сите апликации на смартфонот и да проверите кои од нив имаат дозвола да ги користат вашите податоци.

Ако некој ви го украде телефонот, вашите податоци можат да бидат загрозени. Проверете дали телефонот ви е заклучен кога не го користите.

Доколку сте еден од оние луѓе што планираат однапред, податоците ќе ви бидат безбедни и ако телефонот ви е украден. Една од можностите е да ја активирате опцијата на вашиот телефон да ги избрише податоците откако неколкупати ќе биде згрешено внесувањето на лозинката. А во случај оваа опција да ви изгледа премногу драстично, добро е да знаете дека Google и Apple нудат услуги преку кои можете да го пронајдете вашиот загубен телефон и рачно да го лоцирате или пак да ги избришете податоците.

За крај, никогаш не ја користете истата лозинка на повеќе апликации или услуги. Хакерите редовно провалуваат во онлајн услугите за да украдат кориснички податоци кои потоа ги користат на различни веб локации. Доколку ви е тешко да паметите лозинки, користете апликација која ќе ги памти вашите лозинки наместо вас.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе