Како да готвите со кокосово млеко?

Без разлика дали сакате да експериментирате во кујната, сакате да се префрлите на веганска исхрана или да намалите со млечни производи од животинско потекло, кокосовото млеко е одличен и хранлив производ кој треба да го пробате.

Кокосовото млеко е состојка за готвење со млечно бела боја и благ вкус, добиена од месото на зрел кокосов орев. Богатиот вкус и белата боја се должат на високата содржина на масти и шеќери. Кокосовото млеко не е исто што и кокосова вода (кокосов сок), која пак е природната течна содржина внатре во кокосовиот орев.

Има два типа на кокосово млеко: густо и ретко. Густото кокосово млеко се подготвува со директно гмечење на дробено кокосово месо низ газа. За добивање на ретко кокосово млеко веќе гмеченото месо се натопува во топла вода и потоа одново се гмечи. Густото млеко се користи претежно за готвење десерти и богати сосови. Реткото млеко се користи за супи и за готвење воопшто. На Запад најчесто не се прави разлика помеѓу овие два типа на кокосово млеко со оглед на на тоа дека кокосот се увезува, и повеќето корисници млекото го купуваат во конзерви. Произведувачите на кокосовото млеко во конзерви, обично ги комбинираат двата начина на цедење со додавање на вода како дополување.

Во зависност од брендот и староста на самото млеко, при врвот на конзервата може да „исплива“ погуст слој кој понекогаш се употребува кога рецептот бара кокосов крем наместо кокосово млеко. Ако ја протресете конзервата пред употреба, густиот слој повторно се меша со млекото и тоа станува кремасто. Ако немате доволно искуство со користење кокосово млеко, можно е погрешно да го протолкувате одвоениот слој како знак дека млекото е расипано.

По отворањето на конзерва со кокосово млеко, чувајте ја во фрижидер и искористете го млекото во наредните неколку дена. Потоа скиснува и се расипува.

Кокосовото млеко често се користи во тропските кујни, како бурманската, камбоџанската , филипинската, индонезиската, малезиската, сингапурската, тајландската, бангладешката и индиската кујна, но и во бразилската, карипската и полинезиската кујна.

Ова растително млеко содржи лауринска киселина која има антивирусни и антибактериски својства. Кокосовото млеко исто така се препорачува на луѓето кои имаат проблем со анемија, бидејќи е богато со железо.

Ви предлагаме да ги погледнете советите за готвење од нашите омилени YouTube готвачи и нутриционисти за да научите како максимално да ги искористите бенефитите на кокосовото млеко и да го внесете во вашата исхрана.

Remote video URL
Remote video URL
Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе