Како да препознаете кога е жената сексуално возбудена?

Сексуалната желба обично се однесува на емоционалната желба за секс, додека сексуалната возбуда се однесува на физиолошките промени во телото кои се случуваат кога е некој возбуден.

Дали постои разлика меѓу возбуда и желба? Овие зборови често се користат под исто значење, но малку се различни. Желбата обично се однесува на емоционалната желба за секс, додека возбудата се однесува на физиолошки промени во телото кои се случуваат кога е некој сексуално возбуден.

Според клиниката Кливленд, нарушувањата на сексуалната желба вклучуваат недостаток на сексуална желба или интерес за секс, додека нарушувањата на возбудата вклучуваат психолошка желба за секс, но и недостаток на физичка желба.

Само затоа што некој покажува знаци на сексуална возбуда не значи дека сака сексуален однос, ниту дека се согласува на секс.

Кога возбудата се вклопува во фазите на сексуален одговор?

Според Националната здравствена служба на Обединетото Кралство, истражувачите идентификувале четири фази на сексуална состојба, односно фази низ кои минуваат телото и умот пред, во текот и по секс.

Возбудата спаѓа во првата фаза на циклусот на сексуален одговор и вклучува низа физиолошки промени во телото кои го подготвуваат за вагинален однос. Вагината почнува да се влажни бидејќи жлездите произведуваат течност за навлажнување, а крвните жили се шират што предизвикува набрекнување на клиторисот и вулвата. И брадавиците може да бидат почувствителни на допир.

Пред достигнување оргазам се забрзува дишењето на жената и сè посилна е нејзината возбуда. По оргазмот се опуштаат мускулите и опаѓа крвниот притисок. Клиторисот може да стане многу чувствителен и дури и болен на допир.

Како реагира женското тело на возбуда?

-се забрзува чукањето на срцето

-расте крвниот притисок

-се шират крвните жили

-вагината се навлажнува со течност

-отекуваат делови на вулвата

-вагиналниот канал се шири.

Во повеќето случаи драстично опаѓа концентрацијата дури и ако жената нема секс, туку само се чувствува возбудено.

Тоа е така затоа што сексуалната возбуда активира одредени промени во мозокот предизвикувајќи одредени мозочни активности насочени на секс.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Љубов и секс

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Read more

Тест од 10 секунди открива од што се плашите во љубовта

Read more

Дали треба да останете во брак само заради децата?

Read more

Дали уште има емоции во вашата врска?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Читај повеќе