НАЈДОБРАТА НОВОГОДИШНА ОДЛУКА

Како да заштедите пари до следната Нова година?

Доаѓањето на новата година значи и носење на новогодишни одлуки. Ако вашата одлука за 2023 година е да почнете да штедите, направете го тоа правилно и одржливо.

Можеби штедењето во денешно време ви се чини како невозможна мисија, но со неколку трикови и совети, ќе ја остварите целта без големи одрекувања.

Најдете поволна каматна стапка на штедење

Готовинското штедење честопати е невозможно, а уште потешко е да најдете банка која со поволна стапка би ви овозможила значаен годишен приход.

Истражувањата покажуваат дека луѓето се сѐ помалку подготвени да ѝ ги доверат парите на некоја банка, но тоа не треба да ви биде пречка. Истражувајте и најдете ја банката што ќе одговори на вашите финансиски потреби и ќе ви понуди поволна каматна стапка на штедење.

Контролирајте го трошењето

Искористете ги бројните апликации што се поврзани со вашата банкарска сметка и ви даваат подобар увид во приходите и расходите. Некои од нив ви помагаат однапред да го одредите трошењето, а остатокот да го префрлите на штедната сметка. Можете и да запишувате колку трошите на неделно и месечно ниво за сметки, храна, облека, забава и слично и на тој начин да имате реален увид, а со тоа и контрола на трошењето.

Скриени трошоци

Во контекст на контролата на трошење, размислете каде ви „бегаат“ парите. Откажете ги сите навидум ситни претплати за работи и услуги што ретко ги користите или ги имате двојно, а одвај користите една: списанија, дополнителни ТВ-канали, стриминг платформи, членарина во теретана...

Најстариот метод – тегла

Понекогаш класичните решенија се најдобри. Можеби нема да заштедите богатство, но ќе тргнете на страна многу повеќе пари отколку што си мислите. Во една поголема тегла оставајте го кусурот до 50 денари и проверувајте ја состојбата на неколку месеци. Собраните ситни пари сменете ги во девизи и на крајот на годината ќе можете да се почестите со некој поголем подарок.

Поставете си конкретни цели

Многу е полесно да сакате да штедите и да се држите до одлуката ако имате крајна цел за тоа. Поставете си долгорочна конкретна цел: до крајот на следната година да соберете пари за одмор, патување, подарок за партнерот/децата, нов апарат за домаќинството, велосипед...

Продолжете да читате: Како да заштедите 1.400 евра за една година?

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе