Како Google Maps ќе ви помогне да заштедите на гориво?

Google соопшти дека ги проширува своите опции за еколошки рути на Google Maps во уште 40 земји низ Европа.

Еколошките рути, кои првпат им беа претставени на корисниците регистрирани во САД минатата година, ќе ви понудат рути со најекономична потрошувачка на гориво, наместо најбрзи рути. Еколошкатата рута е означена со лист.

За да ги наместите поставките за еколошки рути, допрете ја вашата профилна фотографија на Google Maps, отидете во Settings > Navigation Settings и изберете Route Options. Потоа треба да изберете дали да ја вклучите или исклучите опцијата Prefer fuel-efficient routes.

Компанијата, исто така, лансира нова функција за сопствениците на автомобили да го изберат типот на моторот на нивното возило за да добијат персонализирани предлози за рути со економична потрошувачка на гориво што се најпогодни за тој мотор. Во наредните недели, корисниците ќе можат да се упатат до поставките споменати погоре и да го изберат типот на мотор - бензинец, дизел, плин, хибридно или електрично возило (EV) - за навигација.

„Оваа технологија е овозможена благодарение на сознанијата од Националната лабораторија за обновлива енергија (National Renewable Energy Laboratory -NREL) на Министерството за енергија на САД и податоците од Европската агенција за животна средина. Со поврзување на овие информации со трендовите на возење на Google Maps, можевме да развиеме напредни модели за машинско учење обучени за најпопуларните типови мотори во даден регион“, се вели во блогот на компанијата.

Google тврди дека по воведувањето еколошки рути во САД и Канада, заштедени се јаглеродни емисии колку што би испуштиле 100.000 автомобили.

Со текот на годините, Google се обидуваше да ги охрабри луѓето да преземат повеќе еколошки опции за навигација со воведување нови функции во Google Maps. Во 2018 година, компанијата првпат воведе информации за станицата за полнење ЕВ во апликацијата. Во јули, компанијата воведе функции за навигација со велосипед со детали како количината на автомобилски сообраќај и видовите патишта долж рутата.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Софтвер

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more
 

Гик

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе