Како ќе изгледа Мундијалот 2030 со шест земји домаќини?

Филип Здравески
/ 05.10.2023 / 14:00

Откако ФИФА синоќа официјално ги одреди домаќините на Мундијалот во 2030 година, на многумина не им се јасно како ќе функционира со оглед на тоа што три земји се домаќини, ама натпревари ќе се играат и во три други.

Во 2030 година Светското првенство на ФИФА слави 100 години постоење. Првиот историски Мундијал, на иницијатива на Жил Риме, се одржа во 1930 година во Уругвај. Токму затоа сите беа убедени дека заедничката кандидатура на Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле, сите четири учеснички на тој историски Мундијал, а првите две и финалисти, ќе ја добие организацијата. Но, иако амбасадори ан кандидатурата бе дури и Лионел Меси и Луис Суарес, тоа не се случи, сепак добија утешна награда (освен Чиле).

Синоќа ФИФА објави дека организатори на Мундијалот 2030 ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, што значи дека за прв пат мундијалот ќе биде трансконтинентален со оглед на тоа што Шпанија и Португалија се во Европа, а Мароко во Африка. Нивната географска блискост, ги дели само Гибралтарскиот Теснец, беше голем адут во добивањето на довербата.

Јужноамериканците ја полагаа својата надеж на 100-годишнината, да се врати Мундијалот онаму каде што почна. Но, ФИФА очигледно има други планови. ФИФА гледа во иднината, не во минатото.

Сепак, Јужноамериканците ќе добијат одредена почит. Големиот јубилеј ќе биде прославен во 2030 година токму онаму каде што почна, во Монтевидео, уругвајската престолнина, но и во Аргентина и Парагвај.

Како тоа ќе функционира?

„Во еден поделен свет, ФИФА и фудбалот обединуваат. Советот на ФИФА, претставувајќи го целиот фудбалски свет, едногласно се согласи да ја прослави стогодишнината на Мундијалот, чие прво издание се одржа во Уругвај во 1930, на најсоодветниот начин. Така, прославата ќе се одржи во Јужна Америка и трите јужноамерикански држави - Уругвај, Аргентина и Парагвај - секоја ќе организира по еден натпревар на Мундијалот 2030. Се разбира, првиот од овие натпревари ќе се игра на стадионот каде што сѐ започна, на легендарниот 'Сентенарио' во Монтевидео, токму за да се прослават 100 години од Мундијалот на ФИФА“, рече Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.

Самото име на стадионот „Сентенарио“ на шпански значи „стогодишнина“. Во 2030 година ќе има симболика со 100-годишнината од Мундијалот, но во 1930 бил именуван поради сосема друга причина - таа година Уругвај ја славел 100-годишнината од независноста.

Стадионот „Сентенарио“ за време на Мундијалот во 1930

Тоа значи дека отворањето на Мундијалот 2030 ќе биде во Уругвај, а наредните два натпревара ќе се играат во Аргентина и Парагвај. И тоа ќе биде сѐ од Мундијалот во Јужна Америка, бидејќи потоа се сели преку Атлантикот.

„Исто така, Советот на ФИФА едногласно донесе одлука единствената заедничка кандидатура која ќе го организира Мундијалот 2030 да биде таа на Мароко, Португалија и Шпанија. Два континента - Африка и Европа - обединети не само за прослава на фудбалот туку и во создавањето на уникатна општествена и културолошка кохезија. Каква одлична порака за мир, толеранција и инклузија е тоа“, додаде Инфантино.

Колку домаќини имаат директно место?

Всушност - сите шест.

ФИФА одлучи оригиналните кодомаќини - Мароко, Португалија и Шпанија - да имаат директно место, што и им следува како организатори. Но, со оглед на историскиот контекст на воведните три натпревари во Уругвај, Аргентина и Парагвај, би немало никаква логика доколку на натпреварите што ќе се играат во овие земји не учествуваат и нивните репрезентации.

Така, ФИФА одлучи директен пласман да им додели и на Уругвај, Аргентина и Парагвај, репрезентации кои учествуваа и на историскиот прв Мундијал во 1930. Ова го потврфи АФА (Аргентинската фудбалска асоцијација), бидејќи информацијата што ја сподели ФИФА беше конфузна по ова прашање. Нивните места ќе биде одземени од вкупните места резервирани за пласман на Мундијалот од зоната на Јужна Америка.

На Мундијалот 2030 ќе учествуваат 48 репрезентации, иасто како и на овој во Канада, САД и Мексико во 2026. ФИФА дополнително ќе објави која зона колку места ќе има, како и на кои стадиони ќе се играат натпреварите.

На првиот Мундијал учествуваа само 13 репрезентации, колку што се пријавија, иако поканети биле сите тогашно членки на ФИФА. Тоа било друго време, кога се патувало со бродови и возови, па транспортот и финансиите ги спречиле повеќето да дојдат во Уругвај. Ќе биде интересно да се види кои од оригиналните 13 репрезентации, односно 10 не сметајќи ги веќе пласираните Уругвај, Аргентина и Парагвај, ќе успеа да се квалификуваат 100 години подоцна.

Тие 10 репрезентации се: Боливија, Бразил, Перу и Чиле од Јужна Америка, Мексико и САД од Северна Америка, како и Белгија, Југославија, Романија и Франција од Европа. ФИФА ја смета Србија за наследник на Југославија, а во 1930 година и целата тогашна југословенска репрезентација ја сочинувале српски фудбалери, бидејќи Хрватите бојкотирале. Требало да учествува и Египет, но поради бура во Медитеранот оваа репрезентација не се качила на бродот. Египќаните требало со свој брод да стигнат до Марсеј, каде требало да се префрлат на паробродот „The Florida“ и заедно со Југословените да заминат за Уругвај. Со оглед на тоа што патувањето до Уругвај со брод траело три недели, го пропуштиле „The Florida“ и немале друга шанса да отпловат и да стигнат на време.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе