Како македонските твитерџии реагираат на „Викенд без ДДВ“?

Поволностите на „Викенд без ДДВ“ ќе може да ги искористат само корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. 

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница со 71 глас „за“, девет воздржани и без ниту еден против го донесе Законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка.

Со изгласаните законски измени се овозможува да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“, дел од најавените антикризни мерки на Владата поради ковид пандемијата.

Пратениците од СДСМ сметаат дека се работи за проект од интерес на граѓаните и вчера повикаа сите пратеници да го поддржат. Проектот „Викенд без ДДВ“, според владејачкото мнозинство, ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.

Опозицијата, пак, оцени дека законот е напишан набрзина и оти има задоцнетост во неговата примена. Сметаат дека граѓаните нема да имаат никаква корист и забалежуваат дека проектот е наменет само за тие кои имаат „паметни телефони“ и се корисници на апликацијата „Мој ДДВ“.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат оваа мерка да биде спроведена во четири викенди, еден во месеците ноември и декември годинава и по еден викенд во јануари и февруари следната година. Така, како што велат, ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците, а истовремено ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.

„Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет на владини антикризни мерки.

Во законот се наведува дека фискалните сметки кои ќе бидат цел на целосен поврат на данокот на додадена вредност ќе може да се скенираат преку апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи најдоцна три дена од рокот на издавање.

Граѓаните од утре до 12 октомври имаат можност да купат од широката лепеза домашни производи и услуги и притоа да го добијат целиот пресметан износ на ДДВ назад, најдоцна до крајот на месецот.

Некои од македонските корисници на социјалната мрежа Twitter, заедница која многумина ја нарекуваат „Македонија во мало“, имаат остри реакции за ваквата мерка, особено имајќи ги предвид рекордните бројки на заболени од COVID-19 деновиве.

Некои коментари се насочени кон реалноста дека многу луѓе не можат да си дозволат да купат технолошки уреди или мебел ни на рати, па не во кеш.

Други укажуваат дека некои продавници вештачки ги зголемиле цените на производите што ги опфаќа мерката, непосредно пред Викендот без ДДВ.

Ова се најчитаните и најкоментираните твитови на темата:

URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе