Како може да се отруете со пилешко?

Пилешкото е едно од омилените видови месо токму поради тоа што може да се подготви на различни начини.

Токсиколозите сепак предупредуваат дека некои методи за подготовка на пилешко месо може да бидат опасни за вашето здравје и да предизвикаат труење со храна.

Салмонелата е причина за најголем број на болести кои се пренесуваат преку храна. Пилешкото понекогаш може да биде загадено со оваа бактерија, што го прави главен извор на овие болести. Во просечна продавница за храна, околу 1 од секои 25 пакувања пилешко е загадено со салмонела, покажа извештајот на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) од 2018 година.

„Ако јадете пилешко кое не е доволно сварено, може да добиете труење со храна. Може да се разболите и ако јадете друга храна или пиете пијалоци кои се контаминирани со пилешко или неговите сокови“, објаснуваат експертите.

Подготовката на различни видови пилешко може да придонесе за ширење на болести предизвикани од храна.

Според американското Министерство за земјоделство, од 1998 година, официјалните лица ги поврзуваат производите од полнето и похувано пилешко со 14 различни епидемии и околу 200 болести.

Зошто полнетите и похуваните пилешки производи се толку проблематични? Најчесто причината е што тие однадвор изгледаат зготвени, но внатре не се целосно термички обработени, штто е клучно за убивање на сите бактерии.

„Сировото пилешко, вклучително и замрзнатите полнети пилешки производи (на пример со кордон блу), мора да се готви на внатрешна температура од 70°C за да се убијат бактериите кои се пренесуваат преку храната, како што е салмонелата“, вели експертката за токсикологија Кели Џонсон-Арбор.

Ако пилешкото не се зготви на таа температура, може да се разболите во случај пилешкото да било контаминирано.

Внимавајте кој уред го користите за подготовка

Не е добра идеја да ги готвите замрзнатите пилешки производи во микробранова печка, бидејќи тој метод на подготовка на пилешко е историски поврзан со најголемите епидемии на болести кои се пренесуваат преку храна.

„Користењето микробранови печки не резултира со рамномерно загревање на замрзнатите пилешки производи, дури и кога пилешкото е покриено или превртувано во текот на процесот. Дополнително, микробрановите печки кои имаат помала моќност (600 W) обично не ги загреваат замрзнатите пилешки производи доволно темелно за да ја убијат салмонелата“, објаснува Џонсон-Арбор.

Таа додава дека тоа не важи само за микробрановата печка.

„Иако рерните можат со сигурност да ја достигнат оваа температура, микробрановите, фритезите и тостерите не секогаш го готват пилешкото темелно до потребната температура, со што се зголемува ризикот од труење со храна.“

Џонсон-Арбор наведува и дека многу луѓе не ги читаат упатствата за подготовка на храната наведени на пакувањето.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе