Како најлесно да се ослободите од салото на стомакот?

А.С.
/ 28.10.2022 / 14:16

Натрупувањето сало на абдоменот е еден од најчестите естетски проблеми кај повеќето луѓе, но исто така, ваквото таложење на масти е и нездраво.

Иако овој проблем првенствено е поврзан со изгледот, со текот на времето маснотиите можат да предизвикаат некои посериозни здравствени проблеми, па затоа е неопходно да се справите веднаш штом ќе се појават. Но, зошто воопшто се појавува?

Истражувањата покажаа дека најмногу таложиме килограми во пределот на стомакот, а нутриционистот Роб Хобсон вели дека промената на нивото на хормоните за време на менопаузата и значителниот пад на естрогенот може да влијае на распределбата на телесните масти и, според тоа, на формирање на наслаги на стомакот.

„Намалената физичка активност и губењето на мускулната маса, бројот на деца што сте ги родиле, семејната историја на дебелина, употребата на антидепресиви и почесто јадење надвор или нарачување готова храна може да бидат фактори кои негативно влијаат на обемот на вашата половина“ објаснува тој, додека нутриционистката Пипа Кембел додава дека виновникот може да биде вишокот инсулин, хормонот одговорен за регулирање на нашиот метаболизам.

„Инсулинот е одговорен за претворање на шеќерот и јаглехидратите во енергија. Кога не успеваме да ја искористиме оваа складирана енергија преку вежбање, таа брзо се претвора во телесни масти околу половината“, вели Кембел. Исто така нагласува дека добра вест е дека салото на стомакот не е нерешливо, но има неколку едноставни трикови за брзо и лесно топење на салото на стомакот.

Избегнувајте стрес

Експертите нагласуваат дека нивото на стрес во голема мера е поврзано со вишокот килограми, а особено со таложењето маснотии.

„Кога мозокот мисли дека животот ви е во опасност, тој го стимулира ослободувањето на адреналин и кортизол. Затоа потрудете да го избегнете стресот и редовно да се релаксирате, 5 до 10 минути ослободување на мислите се доволни за да се наполните одново со енергија“, објаснува Хобсон.

Кога сте под стрес, мастите и гликозата кои патуваат низ вашиот дигестивен систем се таложат во форма на маснотии околу половината, а Кембел советува дека во случаи кога не можете целосно да го отстраните стресот од вашиот живот, можете ефикасно да го намалите со медитација, јога или вежби за дишење.

Комбинирајте различни вежби

Вежбањето е одлично решение за воведување на телото во форма, не преплавува со ендорфин кој носи добро расположение, но и поттикнува чувство на возбуда по самото вежбање. Покрај тоа, многу е важно да се пробаат различни вежби за да се одржи тенок струк.

„Фактот што користиме повеќе кислород за време на вежбањето, создавајќи повеќе проток на крв, исто така има позитивен ефект врз мозокот и како се чувствуваме“, објаснува тренерката Марија Елефтериу.

„Како што луѓето стареат, им требаат изометриски и ексцентрични вежби кои функционираат апсолутно во сите услови. Затоа започнете со тегови, но не прекинувајте со кардио тренингот. Само 30 минути пешачење или возење велосипед ќе ги ослободи ендорфините кои ви се потребни, а нема да им наштети на зглобовите. Интервалниот тренинг еднаш неделно може да ви помогне да се ослободите од салото на стомакот, да го одржите вашето срце здраво и да ги олесни симптомите на менопаузата“, додава таа.

Јадете јајца

Експертите препорачуваат што почесто да ги внесувате јајцата во исхраната. Сметаат дека треба да се намали количината на внес на леб и наместо јаглехидрати за појадок или ручек, па подобро е да се избере храна богата со протеини.

„Заменете ја овесната каша или гранолата за појадок со висока содржина на протеини, како што се варени јајца, чаден лосос или протеински шејк. Ова ќе ви помогне да го зајакнете метаболизмот на самиот почеток на денот“, објаснува нутрициониската.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе