Како панталоните од забранети станале задолжителни во древниот Рим?

Денес панталоните се сметаат за норма, а во некои ситуации дури и задолжителни за мажите. Во царскиот Рим, очигледно, работите биле малку поинакви - ниту еден почесен човек не би помислил да го носи она што се сметало за облека на див варварин.

Кога Марк Тулиј Цицерон, елоквентен оратор и адвокат, го бранел поранешниот галски гувернер Фонтиј против обвиненијата за изнуда, тој го навел носењето панталони како знак на „вродената агресивност“ на Галите и олеснителна околност за неговиот клиент:

„Добрите оратори користеа реторика на прилично софистициран начин, замислувајќи ги странските племиња на начини кои најмногу одговараат на нивните потреби, од жестоки агресори до заостанати луѓе, и потпирајќи се на визуелните слики за да се уверат дека 'варварската другост' ќе се истакне“, вели Сузане Елм, историчарка од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, која ги проучува односите на Рим со племињата на север, кои тие колективно ги нарекувале „варвари“. Панталоните во овој случај биле силен симбол на „другоста“.

Цицерон не бил единствен што ги поврзувал панталоните со примитивниот и нецивилизиран живот. Во 9 годин императорот Август го протерал Овидиј, дотогаш признат поет, од причини што остануваат нејасни (но можеби се поврзани со внуката на Август). Во денешен Томис, во Романија, поетот прв пат се сретнал со варварите:

„Луѓето, дури и кога не беа опасни, беа грозни, облечени во кожи и панталони, а им се гледаа само лицата“, напишал Овидиј.

„Немало посебни хигиенски причини за римската аверзија кон панталоните“, вели професорката Кели Олсон, авторка на книгата „Masculinity and Dress in Roman Antiquity“ (Машкоста и облекувањето во римската антика). Изгледа дека не им се допаѓале поради нивната неповрзаност со Римјаните.

Но, мислењата се менуваат со текот на времето, а не долго потоа, историчарот и сенатор Публиј Корнелиј Тацит ги навел панталоните меѓу низата „егзотични“ однесувања на германските племиња, кои тој ги пофалил за нивниот морал ненамален од цивилизацијата: пливање во река, коњски репчиња („брановидни прамени што наликуваат на рогови или перја“) и панталони.

Не е дека секој што шетал низ древниот Рим носел тога, тие повеќе личеле на свечена облека. Туниките биле најчестата облека, кај мажите без ракави или со кратки ракави, а кај жените со долги ракави, до глуждовите. Стиснати нозе во сошиена ткаенина едноставно не било традиција, а медитеранската клима генерално не барала таква облека.

Римјаните почнале да облекуваат панталони

Меѓутоа, како што империјата се проширувала, тоа почнало да се менува. Римјаните и племињата од новоприпоените северни земји се бореле рамо до рамо за да ги заштитат своите граници од други варвари, како што биле Визиготите. Така, воените панталони што ги користеле Германите или Галите станале избор на облека за римските трупи, веројатно затоа што биле попрактични на северното бојно поле отколку лелеавите туники.

Доказ за ова рано носење панталони од римските трупи може да се види во спиралниот релјеф на „Колоната на Трајан“, мермерен споменик висок 30 метри и дебел 7 метри, подигнат во 113 година во лчест на царевата победа над Дакијците, луѓе што носеле панталони од денешна Романија и околниот регион. Во овој приказ, генералите и другите високи поединци носат туники или тоги, додека обичните војници носат хеланки.

Галскиот лидер Верцингеторикс му се предава на Цезар носејќи панталони

Како GPS и интернетот денес, така иновациите од воениот сектор полека се прошириле во цивилното општество. До 397 година, панталоните, со сета нивна грозност, станале толку вообичаени што браќата императори Хонориј и Аркадиј (од Западното и Источното Царство, соодветно) издале официјална забрана за носење панталони. Забраната била наведена во кодот именуван по нивниот татко Теодосијан, кој гласел: „Во чесниот град на никој не смее да му се дозволи да си присвојува чизми или панталони. Но, ако некој се обиде да ја прекрши оваа казна, наредуваме дека според казната на познатиот префект, сторителот ќе биде лишен од сите средства и испратен во вечно прогонство“.

„Она што всушност го прави забраната е да им забранува на цивилите да носат воена опрема во главниот град, така што може да се гледа како индиректен начин да се олесни разликувањето на цивилите од војниците во време кога тензиите биле високи“, вели Елм.

Четири години пред тоа, царот Валенс загинал во битка во рамките на римските граници, а една третина од војската била збришана. Така, забраната за панталони можело да биде начин да се осигура дека главниот град е полесен за контролирање и дека борците се држат надвор.

Забраната, исто така, може да се протолкува како очајнички обид на доцните цареви да се држат до чувството за римски идентитет во време кога империјата станала тенџере на традиции, по стотици години проширување и културно присвојување. Долгата коса и светкавиот накит набрзо им се придружиле на чизмите и панталоните како забранета мода.

„Варварското влијание врз модата било нешто што царевите сакале да го контролираат, но тогаш нивните сопствени телохранители, на кои веројатно им верувале, биле варвари. Така, наместо да бидат антиварвари, тие биле главно против варварскиот идентитет“, вели Елм.

Враќањето на концептите како „чистота“ и „идентитет“ не е невообичаено во царствата што слабеат, авторитарни начини владетелите да се чувствуваат под контрола дома и покрај надворешните слабости.

Не е јасно дали забраната за носење панталони имала некакво влијание врз римскиот идентитет или воопшто била наметната. Нема правни докази или лути писма. Но, 13 години по забраната, визиготските борци предводени од кралот Аларик насилно измарширале во Рим и го ограбиле, настан кој повеќето историчари го сметаат за критичниот удар што довел до пад на Западното Римско Царство во 476 година.

Секако, на крајот победиле панталоните. Еден век подоцна, варварите ја презеле битката за кројачката душа на дворот во Константинопол, единствениот преостанат римски двор.

„До V и VI век, одеднаш таканаречениот варварски обичај, кошула со ракави и панталони, станал официјална униформа на римскиот двор. Да си бил близок со царот, тоа би го носел. Научниците сè уште не можат да објаснат како се случило ова, панталоните од забранати да станат законски задолжителни облеки за римскиот двор“, вели Олсон.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе