Како се менува мозокот на астронаутите по престој во вселената?

Сѐ уште не знаеме многу за ефектите од престојот во вселената врз телото, но се чини дека еден од нив е преуредувањето на невроните во мозокот.

Научниците кои ги проучувале мозочните структури на 12 астронаути откриле, како што опишале, „значајни микроструктурни промени“ во белата маса одговорна за комуникацијата на невроните во мозокот и помеѓу него и остатокот од телото.

Ова го покажуваат податоците добиени со дифузна магнетна резонанца (dMRI) снимена непосредно пред и по времето поминато во вселената, кое траело во просек 172 дена. Седум месеци подоцна беа извршени дополнителни претреси и иако некои работи „си дојдоа на свое место“, сепак беа видливи голем број промени.

Адаптација на животот во вселената

Поточно, експертите открија промени во нервните патишта поврзани со сетилните и моторните функции. Тие шпекулираат дека ова би можело да има врска со адаптацијата на астронаутот на животот во микрогравитација, пишува Science Alert.

Ова е првпат научниците да ги анализираат последиците од продолжениот престој во вселената користејќи техника на снимање на мозокот позната како трактографија. Оваа техника создава 3D слика на нервните патишта, откривајќи приказ на мозочните жици. Иако промените во мозокот на астронаутот биле забележани и претходно, експертите можеле да користат тракографија за подобро да ги разберат врските помеѓу невроните и промените во нив.

Првично, научниците веруваа дека промените се случуваат во corpus callosum, најголемиот сноп влакна во мозокот што ги поврзува двете хемисфери на мозокот. Но, тие подоцна сфатија дека всушност имало проширување на коморите на мозокот, комуникациските мрежи на комори исполнети со течност лоцирани долж corpus callosum.

„Структурните промени што првично ги најдовме во corpus callosum всушност се предизвикани од проширените комори кои предизвикуваат анатомски поместувања на соседното нервно ткиво“, рече неврологот Флорис Вујтс од Универзитетот во Антверпен во Белгија.

„Значи, наместо да има вистински структурни промени во мозокот, се случува промена во формата. Тоа ги става работите во поинаква перспектива“, додаде тој.

Последиците од овие промени

Промените во нервните патишта не се невообичаени. Тие ни овозможуваат да научиме нови вештини, да создаваме нови спомени и многу повеќе. Засега не е познато какви точни импликации може да има ова реструктуирање на мозокот поврзано со престојот во вселената.

Но, она што е познато е дека нашите тела се обидуваат да се прилагодат на животот во микрогравитација. Претходните студии дури покажаа дека подолг престој во вселената може да носи зголемен ризик од развој на разни болести. Исто така, се чини дека времето поминато во вселената различно влијае на мажите и на жените.

„Овие наоди служат како дополнителни делови од сложувалката. Бидејќи ова е пионерско истражување, сè уште не знаеме како ќе изгледа целата загатка на крајот. Но, овие резултати придонесуваат за нашето севкупно разбирање за тоа што се случува во мозоците на луѓе кои живеат во вселената“ рече Вујтс.

Студијата Brain Connectometry Changes in Space Travelers After Long Duration Space Flight е објавена во списанието Frontiers in Neural Circuits.

Тагови
реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе