Како тоа го прават вистинските метрополи: Виена добива мегавелосипедска патека

Виенските велосипедисти наскоро ќе можат брзо и безбедно да стигнат со велосипед од Донауштад до центарот на градот. За две години Виена ќе ја добие првата мегавелосипедска патека долга дури седум километри.

Новата велосипедска патека ќе им овозможи на жителите на 22. виенски округ Донауштад безбедно и брзо пристигнување во центарот на градот. Двонасочните велосипедски патеки широки 4,4 метри и новите зелени површини ќе ги поврзат двата дела на градот преку Praterstraße, во комбинација со неодамна изградените велосипедски патеки долж Aspernbrückengasse и Lasseacerasse и мостот Aspernbrücke. Така, во следните две години ќе се создаде оптимална врска за велосипеди во должина од седум километри.

Нова брза велосипедска патека на Praterstraße

Најважниот дел од изградбата на оваа велосипедска патека е познатата трговска улица Praterstraße во Виена, каде што ќе биде изградена двонасочна велосипедска патека широка 4,4 метри од страната што води кон Донауштад. Друга важна новина е тоа што ќе се пренасочи една лента за автомобили меѓу Дунавскиот канал (мостот Aspernbrücke) и Пратерштерн, додека постојната велосипедска патека кон центарот на градот ќе се прошири. Централниот дел на Praterstraße исто така се соочува со голема трансформација - ќе биде целосно зелен и ќе има атрактивни тревници, цветни леи и украсни грмушки. Покрај тоа, плоштадите Nestroyplatz и Rosl-Berndt-Platz ќе се трансформираат долж улицата.

Се прошируваат и постојните велосипедски патеки

Виенската Lassallestraße е една од најчесто користените велосипедски патеки, со рекордни 1.143.595 велосипедисти минатата година (зголемување од 12%) и рекорден дневен сообраќај од 11.044 велосипедисти. 20 јуни 2021 година. Во оваа улица, покрај велосипедската, има и посебна пешачка патека, а дозволено е и возење велосипед во двата правци. Постоечката патека долга 900 метри сега ќе се прошири на повеќе од 4 метри. Истовремено ќе се прошират зелените површини, а годинава се очекува почеток на градежните работи. Постојните велосипедски патеки на мостот Aspernbrücke и во Aspernbrückengasse ќе бидат надополнети со двонасочна велосипедска патека од 2023 година. Изградбата ќе се одвива во координација со реконструкцијата на мостот, која се очекува да започне во април 2023 година. Заради изградба на велосипедска патека на споменатиот мост, ќе се адаптира и постоечкиот систем на велосипедски патеки во реонот на Дунавскиот канал. Во 22-от округ ќе се градат нови велосипедски патеки долж два километри од улицата Ваграмер. Оваа година ќе започне првата фаза од изградбата на посебна двонасочна велосипедска патека, од трговскиот центар Donauzentrum до Arbeiterstrandbadstrasse, додека следната година ќе следи втората фаза до Kagraner Platz.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе