Холивудскиот актер Том Круз никогаш повеќе во животот нема да може да купи автомобил Bugatti, но тој е само еден од бројните познати личности со истата забрана.
Егзотичните и луксузни автомобили одат со познати ѕвезди, било да се тоа актери, спортисти или јутјубери, а со овие возила, меѓу другото, ѕвездите го истакнуваат својот статус во хиерархијата на славата.
Без разлика дали се работи за Ferrari, Lamborghini или Royce-Rolls, да се седне зад воланот на еден од овие автомобили е една од најголемите придобивки на богатите и славните.
Сепак, холивудскиот актер Том Круз во својот живот нема да може да купи автомобил Bugatti бидејќи е на „црната листа“ на оваа компанија. Францускиот автомобилски бренд познат по еден од најбрзите автомобили во светот, има и строги правила за својата клиентела. Сопствениците на автомобилите на Bugatti не само што треба да трошат 21.000 долари годишно за одржување, туку и да менуваат гуми на секои 10.000 милји. Цената на самиот автомобил се движи од 3 до 12,5 милиони долари во зависност од моделот, а одржувањето е исто така многу скапо.
Сепак, ништо од ова не го спречувало Круз да купи ново Bugatti, но проблемот настана како резултат на еден инцидент од 2006 година, кога се мачеше да ја отвори совозачката врата на премиерата на неговиот филм Missioon Impossible 3. Колку и да е бизарно, неуспешниот обид на Круз да ја отвори наводно заклучената врата, што се случи пред 18 години, резултираше со забрана за купување Bugatti.
На тој „фатален“ ден, Круз беше во друштво на неговата сопруга Кејти Холмс, но очигледно Бугати ги сметаше моментите на мачење со отворањето на вратата премногу срамни за луксузниот бренд да му дозволи на актерот да ги повтори.
На црната листа на Bugatti се и други познати личности како Флојд Мејведер, Фло Рајда, Сајмон Кауел и Џенсон Батон.
Забраната веројатно не ги „погодува“ повеќето од нив, бидејќи самиот Круз има голем број луксузни автомобили во својата гаража, а наводно уште го поседува „злогласениот“ Bugatti Veyron кој му донесе проблеми.