Како затемнувањето на полната Крвава месечина влијае на хороскопските знаци?

Затемнувањето на Крвавата месечина во знакот на Бик е главен астролошки настан месецов. Називот Крвава месечина настанал по тоа што во времето на целосно затемнување Земјата се наоѓа меѓу Сонцето и Месечината, а Месечината добива црвена нијанса бидејќи Земјата целосно ја засенува.

Затемнувањето на Месечината означува крај, но и нови почетоци. На некои соочувањето со промени ќе им биде тешко, но треба да сфатат дека истите се неопходни за да бидат на вистинскиот пат дури и ако на почеток не им изгледа така.

Затемнувањето на Крвавата месечина се одвива во знакот на Бик, па акцентот ќе биде поставен на финансии и љубовно поле. 

Дознајте како затемнувањето ќе влијае на секој хороскопски знак.

Овен

Ова е совршено време да обрнете внимание и на нематеријалните работи кои ви значат во животот. Размислете за работите кои имаат посебно значење за вас и што може да направите за да ги подобрите.

Бик

Ова затемнување се одвива во вашиот знак, па ќе ве наведе да излезете од зоната на комфорот. Може да направите нешто нетипично за вас. Ако не сте задоволни со некои работи, полната Месечина тоа ќе го извлече на површина и ќе ве наведе да донесете тешки, но поволни одлуки за вас.

Близнаци

Затемнувањето на површина ќе ги прикаже чувствата кои сте се обиделе да ги потиснете. Искористете го ова време да ги исфрлите од себе сите фрустрации по што ќе може да тргнете напред. Нема да ви биде лесно, но тоа ќе го забрза патот до вашата трансформација.

Рак

Полната Месечина ви дава можност да ги развиете вашите комуникациски вештини и допрете до блиски пријатели. Внимателно кому ќе го отворите срцето бидејќи некои не се вредни за вашата доверба. Во текот на ова затемнување ќе дознаете кому може да верувате, а со кого не треба да си имате работа.

Лав

Ако веќе долго време не сте задоволни на работа, нема да може да го игнорирате тоа повеќе. Можеби ви е досадно и верувате дека можете подобро. За многумина ова време ќе совршено за промени на работното место. Иако на почетокот ќе ви биде тешко, со текот на времето работите ќе си дојдат на свое место.

Девица

Полната Месечина ве поттикнува на стекнување нови искуства и ширење хоризонти. Идеално време е за планирање патувања, но и за инвестирање во вашето образование или духовност. По тешкиот период што психички ве исцрпи, конечно сте спремни да одите напред.

Вага

Полната месечина од вас бара да размислете во кое подрачје од животот се воздржувате и не ги покажувате емоциите. Можеби се двоумите да го покажете вистинското лице пред другите поради страв од зближување, но бидете сигурни дека ризикот се исплаќа.

Скорпија

Акцентот ќе биде поставен на односите со околината. Спремни сте да излезете од токсични односи, но и да ги зацврстите врските со луѓето кои ве усреќуваат. Можеби дури и нема да дојде до толку големи промени, колку што вашата перспектива ќе се промени. Размислете што може да направите за да ги подобрите врските со саканите.

Стрелец

Полната месечина ќе мине низ вашата шеста куќа на здравјето и дневните рутини. Размислете за активностите кои може да ги вклучите во секојдневниот живот, а кои можат да ви помогнат да бидете поефикасни. Овој период е добар и за почеток на диета.

Јарец

Дозволете си повеќе одмор и релаксирање. Не мора обврските секогаш да ви се на првото место, посветете се и на хоби активности. Кога станува збор за љубовта, ќе сфатите дека сте страдале за личност која е неодговорна и ќе сфатите дека животот продолжува понатаму.

Водолија

Акцентот ќе биде поставен на семејството и домот. Можни се промени во односите со блиски луѓе или преселба. Ако имате чувство дека не припаѓате никаде, сега ќе посакате да го промените тоа и да најдете место или луѓе кои можат да ви пружат емоционална сигурност за која копнеете.

Риби

Вашата главна задача е да почнете поотворено да се изразувате и зборувате. Настојувајте целосно да го кренете гласот и појасно да комуницирате со другите. Размислете за сите ситуации во кои не сте биле сфатени како што треба и потрудете се да го смените тоа за вие да бидете позадоволни во животот.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе