Каква судбина ги чека Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев по дисциплинските постапки?

Две дисциплински постапки се иницирани против обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, дознава „Макфакс“.

Првата е за наводите дека соработувале со осудениот сопственик на порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски. Втората, според извори во Обвинителството, е поднесена поради нестручно постапување. За двете дисциплински се доставени и докази кои треба да ги цени Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност. Обвинителството не споделува детали од дисциплинските постапки. Молк и од обвинителите Фетаи и Рајчев. На потег е петчлената комисија.

„Во моментов има иницијативи за дисциплински постапки против неколку јавни обвинители. Дисциплинската комисија до овој момент не донела одлука за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност на наведените обвинители“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Се постапува и по кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители посочени од Стаменковски. Обвинител проверува дали неговите колеги сториле злоупотреба на службена положба и овластување или злоупотреба на лични податоци, дела за кои е поднесена пријавата.

„Кривичната пријава е примена и ќе биде распоредена кај јавен обвинител кој ќе ги провери наводите“, додаваат од Обвинителство.

„Макфакс“ контактираше со Фетаи и Рајчев. Ги прашавме дали се запознаени со дисциплинските покренати против нив, како и за коментар. Од нив молк. Тие не одговорија дали во некој од предметите кои ги воделе постапиле спротивно на правилата за работа.

Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан од „ДоказМ“ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи дека му испраќал информации. Ова беше демантирано од обвинителот, кој истовремено најави и тужба за клевета.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе