Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е централната фигура на видеото кое го споделија многу спортски сајтови на Twitter.
Португалскиот фудбалер им потпишуваше автограми на своите фанови, но тие според него беа малку преагресивни. Роналдо ги смири со гестикулација со која понекогаш прославува постигнат гол.
Неговите обожаватели го препознаа овој гест и почнаа да викаат: „Калма, калма!“
Петкратниот освојувач на Златната топка оваа сезона е во немилост на јавноста. Неодамна беше исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед бидејќи одби да влезе од клупата во последните моменти од натпреварот против Евертон. Тензијата меѓу него и тренерот Тен Хаг набрзо беше решена и тој ќе продолжи да игра за Јунајтед.