Каменот од блиску доаѓа: Вработени во Facebook помагале да се хакираат профили

По неодобреното користење на алатката за враќање на пристапот до профили, компанијата Meta отпушти или дисциплинираше повеќе од 20 вработени.

Вработените во Meta веќе извесно време имаат пристап до внатрешниот систем за враќање на кориснички профили. Употребата на оваа алатка драстично се зголеми во последните неколку години, овозможувајќи пристап за сè повеќе луѓе. Сепак, Марк Закерберг и неговата компанија се чини дека ја прекинуваат практиката, наводно поради злоупотреби во рамките на услугите за корисници на Facebook.

Како што пренесува Wall Street Journal, анонимни извори тврдат дека компанијата Meta отпуштила или дисциплинирала над 20 вработени за неправилно преземање кориснички профили минатата година. Во некои случаи, хакери поткупувале луѓе за да добијат пристап до туѓи профили.

Кога повеќето луѓе помислуваат на кражба на профил, веројатно замислуваат хакери кои користат тактики како фишинг, малвер и социјален инженеринг. Меѓутоа, во овој пример можеме да видиме дека методите може да вклучуваат поткуп на вработени за да украдат конкретни профили.

Некои инциденти вклучуваа помагање на пријатели и членови на семејството да ги вратат нивните профили на Facebook и Instagram, откако службата за помош на корисници не беше достапна преку официјалните канали. Сепак, имаше и помалку „другарски“ инциденти во кои поранешни вработени задржаа директен или индиректен пристап до оваа алатка, која ја користеа за пристап до корисничките профили.

Во еден пример, работник, кој беше отпуштен од Meta во 2021 година, им помагал на други да ги преземат профилите на Instagram откако тој ја напуштил компанијата. Поранешниот вработен тврдеше дека само им помагал на околу 20 пријатели и членови на семејството да го вратат пристапот до заклучените профили, по што Meta го блокираше од своите платформи и го тужеше за кршење на федералниот Закон за компјутерска измама и злоупотреба.

Посредниците заработувале и така што, благодарение на нивните врски со луѓе во компанијата, договарале преземање или вфраќање на профилите, што е спротивно на правилата за користење. Една манекенка, наводно, му платила на посредник 7.000 долари за да го врати пристапот до нејзиниот Instagram профил со 650.000 следбеници.

Во сржта на проблемот е алатката Online Operations, внатрешно позната како Oops. Оваа алатка требаше да се користи во екстремни случаи и не е наменета за обични корисници. Meta планираше да ја користи Oops само за да им помогне на познати личности, деловни партнери или пријатели и членови на семејствата на вработени. Употребата Oops значително порасна со растот на работната сила - помеѓу 2017 и 2020 година, бројот на Oops барања се зголеми повеќе од двојно, од 22.000 на 50.270.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе