Канзас гласаше против ограничување на правата на абортус

Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус, во првото изјаснување на населението откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“.

Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, со која се гарантира правото на абортус до 22-та недела од бременоста.

Парламентот на таа сојузна држава во која мнозинството го држат Републиканците донесе амандман за отфрлање на тоа уставно право, со цел уредувањето на тоа прашање да се врати во ингеренција на пратениците.

По пребројувањето на 98% од гласовите, против амандманот се изјасниле 59% од гласачите, а за негова поддршка гласале 41% од граѓаните.

Тоа значи дека Парламентот на Канзас нема да може да носи одлуки со кои би се ограначувало правото на абортус. Голем број пациентки доаѓаа на таква медицинска процедура во таа конзервативна сојузна држава од блиските држави Тексас, Оклахома и Мисури каде абортусот е целосно забранет.

По објавените резултати демократите се охрабрени дека прашањето за абортусот ќе значи привлекување на гласачите за во ноември предвидените среднорочни избори, независно од нивното незадоволство поради големата инфлација во земјата.

„Ова треба да биде повик за будење за противниците на абортусот. Кога целосната забрана ќе стане реална можност, ќе имате многу луѓе што ќе излегуваат на гласање, а истовремено ќе губите многу повеќе од поумерените поддржувачи на ограничувањата за абортусот“, изјави Нил Ален, политиколог од Универзитетот во Вичита.

Изјаснувањето во Канзас е прво од неколкуте во САД, на кои државите ќе одлучуваат за прашањето на абортусот. Најавено е референдумско изјаснување и во сојузните држави Кентаки, Калифорнија, Вермонт, веројатно и во Мичиген.

Претседателот Џо Бајден им се придружи на демократите низ САД во пофалбите за резултатите од изјаснувањето во Канзас.

„Ова гласање го покажува јасно она што веќе го знаеме, дека мнозинството Американци се согласуваат дека жените треба да имаат пристап до абортус и да имаат право да носат свои здравствени одлуки“, рече Бајден.

Резултатите од анкетата што во февруари ги објави Универзитетот Форт Хејс покажа дека мнозинството жители на Канзас не поддржуваат целосна забрана на абортусот. Околу 60% од нив не се согласуваат дека абортусот треба да биде целосно нелегален, а 50,5% од нив рекле дека „Владата на Канзас не треба да поставува никакви регулативи за околностите под кои“ се спроведува процедурата.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе