Караџоски: 80% од регистрираните случаи со COVID-19 се асимптоматски

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски рече дека во просек 80 отсто од сите регистрирани случаи со COVID-19 се асимптоматски или се со многу лесна незначителна клиничка слика.

Тој рече дека 12 до 14 проценти имаат лесна клиничка слика односно се со лесно изразени симптоми, а 2 до 4 отсто завршуваат на Клиника.

– За некого тоа се вика температура, слабост, малаксаност, кашлање, отежнато дишење, запушен нос, каде што пациентот ќе остане дома и ќе ја прима терапијата. Просечно, 2 до 4 отсто завршуваат на Клиника. Овие 2 до 4 отсто имаат најчесто воспалителен процес на белите дробови или некој друг коморбидитет што му ја усложнува клиничката слика, рече Караџоски на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Тој посочи дека 1 до 4 отсто завршуваат на респиратор, а има во просек 15 до 20 хоспитализации дневно.

– Да, здравствениот систем трпи, здравствениот систем има можност да ги растегне тие клинички капацитети и нови интернистички одделенија да постанат ковид одделенија. Меѓутоа сѐ има своја мерка. Лабораториите се тие што ќе можат сукцесивно да набавуваат илјада тестови. Ние финансиски ќе издржиме, тоа не е спорно. Спорно е само кога здравствените работници ќе паднат, додаде тој.

Караџовски истакна дека од минатата недела има 50 студенти на петта и шеста година на Медицинскиот факултет, кои добија можност да навлезат во епидемиологија и да прават епоидемиолошки анкети. За таа цел, како што рече, вклучена е дел од социјална медицина и дел од медицина на трудот.

– Јас останувам до последен момент на браникот. Немам намера да речам дека јас сум најболниот овде. Дека немаме епидемиолози, тоа е факт. Барам строги рестриктивни мерки во делот на казнување. Само на тој начин можеме да опстоиме дека некој ќе се осети дека не треба да прави одредени манифестации со коишто го ремети своето меѓутоа и колективното здравје. Никој не смее да го загрозува моето лично здравје, здравјето на мојата фамилија и вашето здравје. Тој што го загрозува, тој треба да одговара, рече Караџоски.

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе