Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Фудбалскиот клуб Кардиф ги проценува загубите на повеќе од 120 милиони евра во спорот со Нант за смртта на Емилиано Сала во авионска несреќа во 2019 година, потврди адвокатот на клубот од Велс.

„По анализата направена од правен експерт, штетата на Кардиф се проценува на 120,2 милиони евра“, изјави адвокатката Селин Џонс за France-Presse, со што ја потврди информацијата која прв ја објави францускиот спортски весник L'Équipe.

Таа анализа официјално ќе биде доставена до трговскиот суд во Нант, кој треба да го одреди рокот за продолжување на постапката за овој случај.

Аргентинскиот напаѓач Емилиано Сала на 28-годишна возраст загина во јануари 2019 година во авионска несреќа над Ла Манш. Тој тие денови го реализираше трансферот од Нант во Кардиф.

Кардиф смета дека Нант е одговорен за летот на кој патувал Сала и затоа поднел тужба до судот на Нант барајќи компензација за загубата на приходите и други штети што клубот ги претрпел поради смртта на аргентинскиот фудбалер.

Претходните проценки за оваа штета изнесуваа 100 милиони евра.

Во друга постапка поврзана со спортот меѓу двата клуба, ФИФА минатата година му наложи на Кардиф да му го плати на Нант остатокот од трансферната сума за аргентинскиот играч, во тоа време нешто повеќе од 11 милиони евра од вкупно 17 милиони евра.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Фудбал

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Read more

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Read more

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Read more

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Читај повеќе

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се справам со ситуацијата

Читај повеќе