Хакери украле податоци од 4,5 милиони клиенти на Air India

Индиската национална авиокомпанија Air India соопшти дека во хакерски напад се украдени податоци на 4,5 милиони клиенти, вклучително и информации за пасоши и телефонски броеви за контакт.

Ова се наведува во соопштение објавено на веб-страницата на авиокомпанијата.

Според авиопревозникот, преземањето на податоците се случило по сајбер напад против швајцарската компанија SITA, која се занимава со резервации на билети и обезбедување на телекомуникациски услуги.

– Нарушувањето се однесува на лични податоци регистрирани од 26 август 2011 година до 3 февруари 2021 година, вклучувајќи име, датум на раѓање, информации за контакт, информации за пасош, информации за билети, често извршени летови на Star Alliance и Air India, како и детали за кредитни картички, се вели во соопштението.

Компанијата соопшти дека веќе презела чекори за да се гарантира безбедноста на податоците. Инцидентот се испитува, вклучени се специјалисти од трети земји, а издавачите на кредитни картички се известени за инцидентот. Авиокомпанијата исто така ги советува клиентите да ги сменат лозинките каде што е можно за да ги зачуваат личните информации безбедни.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе