Хамас криеле оружје во Европа, тврдат германски медиуми

 

За време на истрагата за членовите на Хамас, уапсени во декември во Германија и Холандија, истражителите открија складиште со оружје што требало да се користи во нападите врз еврејските објекти во Германија, објавија германските медиуми.

„На југот на Бугарија, во подземен магацин беше пронајдено оружје и муниција што требаше да се користи за напади на Хамас врз еврејски цели во Германија, особено во Берлин“, пишува Spiegel Online, повикувајќи се на извори во германската Служба за борба против криминалот (BKA).

Според истите изјави, пронајденото оружје сега е делумно неупотребливо поради 'рѓа.

Сознанието за магацинот за оружје е добиено преку анализа на мобилниот телефон на еден од четворицата Палестинци уапсени во декември во Берлин и Холандија поради сомнение дека подготвувале магацини за оружје во Европа, кои треба да се користат за терористички напади, на наредба на Хамас.

Како што понатаму се сомнева и главниот државен обвинител, уапсените најверојатно подготвувале слични подземни магацини и во Полска. Во автомобилот на тројца од нив при контрола на германско-полската граница биле пронајдени лопати.

Германските и европските агенции за спроведување на законот добиле информации за членови на милитантното крило на Хамас од израелското разузнавање.

Во јануари германските власти објавија дека наредбата за подготовка на магацини за оружје ширум Европа ја дал самиот Калил ал-Караз, заменик командант на милитантното крило на Хамас, кој оттогаш бил убиен во израелски напад.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе