Хасани: Имавме два избора или да се ограничиме или да се затвориме за Бајрам и Велигден

Мерките што ги донесовме се рестриктивни, но свесно ги носиме за да се заштитиме и претстојните празници да ги поминеме во мир и спокој и да не се соочуваме со ситуација нашите блиски да бидат болни, хоспитализирани или не дај боже да го изгубат животот, истакна на прес-конференцијата во Владата денеска заменик-министерот за здравство Илир Хасани.

-Се наоѓаме на праг на големи верски пранзици, но свесни сте дека сме во тешка општа состојба. Размисливме проактивно. Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден. Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања, рече Хасани.

Порача граѓаните да внимаваат за време на празниците, особено имајќи ја предвид традицијата на посета на повозрасните граѓани.

-Иако мерките се непопуларни ги презмаме мерките да го намалиме притисокот врз болниците, но и да го спречиме и ширењето на вирусот. Сега донесовме ригорозни мерки сакаме да обезбедиме граѓаните да ги поминат претстојните празници колку што дозволува пандемијата празнично и да бидат посветени на семејството, на најблиските,  а не на тоа дали некој е во болница или некој да заврши фатално. Да ги почитуваме сите мерките и да се надеваме дека мерките што ги преземаме и да се надеваме дека ефектите ќе бидат позитивни, рече Хасани и порача да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе