ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Хендерсон: Не бевме добри во завршницата од акциите

Џордан Хендерсон смета дека неснаодливоста во завршницата на нападите го чинела Ливерпул победа во синоќешното Мерсисајд дерби со Евертон.

Ливерпул ја испушти првата шанса да дојде на чекор до математички заверување на титулата. Му беше потребна победа на гостувањето кај градскиот ривал Евертон, но натпреварот заврши без голови.

„Мислам дека можеме да бидеме далеку подобри, нормално. Сепак, знаеме дека синоќа имаше и некои позитивни работи. Се обидовме да се адаптираме на ситуацијата, но генерално очигледно е дека сме разочарани бидејќи нашата намера беше да дојдеме тука и да ги земеме трите бода. Позитивно е што не примивме гол и одлично се браневме. Она што ни фалеше беше снаодливост во завршницата од нападите“, вели играчот од средниот ред.

Хендерсон одигра 90 минути против „Карамелите“ во натпревар на кој неговиот тим настапи без ѕвездата во офанзивата, охамед Салах.

Ливерпул веќе в среда ќе има нова шанса за победа откако на „Енфилд“ ќе гостува незгодниот Кристал Палас.

„Секој натпревар во Премиер лигата е тешок, како и секој тим. Сега на ред ни доаѓа Кристал Палас, екипа која одигра солидно во саботата, па и тој натпревар ќе биде тежок. Едноставно мора да одиграме нјадобро што можеме и да пробаме да победиме колку што е можно повеќе натпревари“.

реклама

Фудбал

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Read more

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Read more

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Read more

Статива

Read more
 

Спорт

  • filter

Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Читај повеќе
  • play_arrow

Велковски: Да покажеме храброст и да се надеваме на позитивен резултат

Читај повеќе

Тони Крос: Уживав, сакав да заминам на овој начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Терзиќ: Не заслуживме ваков пораз, одигравме одлично

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ и Музети играа до 3 сабајле – Ноле победи во пет сета

Читај повеќе
  • play_arrow

Статива

Читај повеќе

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе