Хенри Кавил повеќе не е Супермен

Актерот Хенри Кавил на Instagram објави дека нема да се појави во новото продолжение за Супермен и со тоа ги шокира обожавателите, бидејќи неодамна беше најавено дека ќе биде дел од проектот.

Прв веста ја потврди режисерот Џејмс Ган, со објави на Twitter.

„Спремни сме за работа со Питер и многу сме возбудени. Ќе споделиме возбудливи информации за нашите први проекти кон почетокот на новата година. Меѓу тие проекти е и Супермен. Во почетните фази ќе се фокусираме на раниот дел од животот на Супермен, така што ликот нема да го глуми Хенри Кавил. Но, имавме одлична средба со него и сме му големи обожаватели, па разговаравме за низа возбудливи можности за соработка во иднина“, напиша Ган.

URL

Веста за отпуштање од улогата  ја потврди и Кавил на Instagram.

„Се сретнав со режисерите, имам тажни вести. На крајот сепак нема да го глумам Супермен. Оваа вест не ми дојде баш најдобро, особено затоа што студиото ми кажа да го најавам враќањето како Супермен во октомври, пред ангажманот. Но, таков е животот. Го почитувам тоа што го градат Џејмс и Питер. Им посакувам среќа на сите кои се вклучени во проектот“, напиша Кавил и потоа директно им се обрати на обожавателите на Супермен.

„За сите оние кои беа покрај мене со години, сега може малку да тагуваме, но мора и да запаметиме дека Супермен сè уште е тука. И понатаму е тука за сè што се залагаше и на сите им е пример. Истече моето време за носење на наметката, но тоа за што се залага Супермен ќе остане вечно. Ми беше многу забавно со сите подеми и падови“, порача Кавил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Филм & ТВ

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Read more

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Новинар ја изненади Ема Стоун кога ѝ се обрати со вистинското име

Читај повеќе
  • play_arrow

Филмот за Доналд Трамп разгоре контроверзии во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја посетува и по смртта: Чувствувам дека е тука

Читај повеќе
  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе