Холанд откри за кој навива и многумина изненади

Со купувањето на Ерлинг Холанд и Хулиан Алварес, Манчестер Сити веројатно за долго време ја реши напаѓачката позиција, а Норвежанецот му откри на својот аргентински соиграч за кој клуб навива.

Познато е дека Холанд отсекогаш бил фан на Манчестер Сити, бидејќи неговиот татко Алф-Инге Холанд играше за „Граѓаните“. Познати се бројните фотографии на младиот Ерлинг во дресот на Сити.

Сепак, Холанд има уште еден клуб за кој навива и тоа по природен пат. Ова го откри Алварес, кој е во одлични односи со Норвежанецот откако се здружија во нападот на „Граѓаните“.

За нивниот однос Алварес зборуваше за аргентинскиот ТВ канал TyC Sports. Откри дека Холанд е вљубеник во аргентинскиот фудбал.

„Покрај тоа што сите го знаеме за фудбалот, Холанд е навистина добар човек. Ми помага, разговараме и надвор од теренот. Се трудам да го гледам за да научам некои работи“, изјави Алварес.

Алварес е дете на Ривер Плејт, а откри дека Холанд го разочарал со тоа што му рекол дека е навивач на големиот ривал Бока Жуниорс.

„Кога пристигнав, ми кажа дека е навивач на Бока. Ми зборуваше за 'Ла Бомбонера' и ме прашуваше за аргентинскиот фудбал. Мислам дека на него влијаниел Леонардо Белерди, додека беше во Борусија. Ќе видиме дали малку ќе го промениме тоа. Ќе биде тешко, но ќе се обидам“, изјави искрениот Алварес.

Претходно, Балерди призна дека Холанд често го прашувал за Бока и атмосферата на натпреварите на култната „Ла Бомбонера“.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе