Хорор лето во Египет: Две жртви од напад на ајкула во Хургада во еден ден

Летниот одмор во египетскиот ресорт Хургада се претвори во пекол откако две жени беа нападнати и усмртени од ајкула.

Прво настада жена Австралија која во петокот беше нападната од мако ајкула и со тешки повреди беше пренесена во болница, каде им подлегна на повредите. Ајкулата ѝ откинала рака и нога. Се работи за 68-годишната Елизабет Скуајер која живеела во Хургада откако се омажила за Египќанец.

Нападот се случил пред очите на останатите капачи кои немоќно гледале и се прашувале каде се спаувачите. Плажата веднаш беше затворена на три дена.

На YouTube се појави и видео снимено од очевидец од моментот на нападот:

Но, само неколку часа подоцна крајбрежната стража забележала тело на уште една жртва, на околу 600 метри од местото каде била нападната Австралијката, плажата Сахл Хашиш. Втората жртва е Романка.

Египетското Министерство за екологија наведува дека е формиран комитет кој ќе ги разгледа околностите на нападите и научните причини.

Официјален гувернер на Црвеното Море, генерал-мајор Амр Ханафи нареди прекин на сите активности во областа каде што се случија нападите од ајкули.

Се претпоставува дека и вториот напад бил од ајкула од видот мако. Се работи за многу брза риба и потенцијално опасна. Возрасните примероци можат да бидат долги 4,5 метри и да тежат над 500 килограми. Се хранат со риби како харинга, скуша, сабјарка, но и со цицачи како што се мали китови.

Нападите на ајкули во Египет се ретки, но Црвеното Море има повеќе од 44 видови риби, од кои некои можат да бидат смртоносни. Најчести се сивите гребенски ајкули долги речиси 2 метра, кои имаат 13 или 14 остри заби. Пливаат во плитки води длабоки околу 60 метри или помалку.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе