Ким Џонг Ун: Мораме да бидеме подготвени за војна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на зголемување на производството на ракети за да може земјата да добие „преголема воена моќ“ и да биде подготвена за војна, објави државната новинска агенција KCNA, додека Јужна Кореја и САД се подготвуваат за нивните годишни заеднички воени вежби.  

Наредбата на севернокорејскиот лидер дојде откако тој во петокот и саботата ги посети клучните капацитети кои произведуваат ракети, платформи за лансирање ракети, оклопни возила и артилериски гранати и неколку дена пред почетокот на американско-јужнокорејските воени вежби, во кои Пјонгјанг гледа „подготовки за војна“.

Затоа Ким Џонг Ун бара масовно производство на различни видови оружје, додека зголеменото производство на ракети го гледа како задоволување на потребите на воените единици на линијата на фронтот, пренесува KCNA.

„Квалитативните нивоа на воени подготовки зависат од развојот на индустријата за оружје“, рече тој. За време на неговата посета на фабриките, Ким Џонг Ун возеше ново оклопно борбено возило и го пофали напредокот во модернизацијата на производството.

Има „итна потреба од експоненцијално зголемување на производството на ракети за зајакнување на нашите единици на фронтот. Нашата војска мора да обезбеди доминантна воена моќ и да биде подготвена да води секаква војна во секое време, така што непријателите нема да се осмелуваат да употребат сила, или ќе бидат уништени.“, истакнува севернокорејскиот лидер, пренесе KCNA.

Јужна Кореја и САД најавија дека ќе спроведат воени вежби во последните десет дена од август за да можат да одговорат на растечките нуклеарни и ракетни закани кои доаѓаат од северот на Корејскиот Полуостров.

Заедничките воени вежби на двата сојузници мобилизираа десетици илјади војници од двете страни, а Северна Кореја ги гледа како проба за нуклеарна војна.

„Вежбите се суштински елемент за одржување на силна одбранбена положба во случај на вонредна состојба, апсолутно неопходни за одговор на растечката воена закана од Северна Кореја“, одговори јужнокорејскиот армиски полковник Ли Сунг-Џун.

Од друга страна, САД ја обвинуваат Северна Кореја дека ѝ испорачува оружје на Русија во војната со Украина, што тие го негираат.

Лидерите на Јужна Кореја, САД и Јапонија наскоро ќе се сретнат на трилатерален самит во Кемп Дејвид на 18 август, кога ќе разговараат за повеќе прашања, како што се Северна Кореја, безбедносната соработка, војната во Украина.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе