Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун упати честитки до рускиот претседател Владимир Путин по повод Денот на победата, изразувајќи ја „цврстата солидарност“ на неговата земја со Москва, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Во писмото испратено на 9 мај, Ким изрази „цврста солидарност со целта на рускиот народ да се искорени политичката и воената закана и уцената на непријателските сили“. Севернокорејскиот лидер, исто така, „изрази уверување дека стратешките и традиционални односи на пријателство меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат“.
Северна Кореја неодамна ги истакна своите блиски врски со Русија и јавно ја поддржа Москва поради нејзината инвазија на Украина. Во февруари таа ги обвини „хегемонистичките политики“ на САД и Западот за конфликтот во Украина.