Ким Џонг Ун одушевен – се качи во руски Су-57

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера за време на неговата посета на фабриката за руски борбени авиони го изрази своето воодушевување од руската воздухопловна технологија, која, според него, е во процес на брз развој надминувајќи ги надворешните потенцијални закани, објави денеска KCNA.

Ким ја прегледа фабриката за борбени авиони во Русија, која е под западни санкции, откако на состанокот во средата разговараше за воените прашања, војната во Украина и продлабочувањето на соработката со рускиот претседател Владимир Путин.

Ким се сретна со пробните пилоти во работилницата за склопување на трупот на ловецот и влезе во Су-57 за да слушне детално објаснување за техничките спецификации и перформансите на летот на ловецот од петтата генерација. Тој, исто така, се качи на патнички авион произведен од фабриката за да се запознае со неговите перформанси и да го набљудува пробниот лет на борбениот авион Су-35.

Се очекува престојот на севернокорејскиот лидер да продолжи во сабота со посета на градот Владивосток и поморска база. Кремљ вчера соопшти дека Русија и Северна Кореја не потпишале никакви договори за воени прашања или која било друга област за време на посетата на Ким на Русија оваа недела.

Јужна Кореја и САД во петокот рекоа дека воената соработка меѓу Северна Кореја и Русија е кршење на санкциите на ОН против Пјонгјанг и дека сојузниците ќе се погрижат тоа да не помине без последици.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе