Ким Џонг Ун се вакцинирал против коронавирус, тврди американски експерт

МИА/КАЈГАНА
/ 01.12.2020 / 08:17

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговото семејство во изминативе неколку недели се вакцинирале со кинеска експериментална вакцина против коронавирус, изјави американски аналитичар повикувајќи се на два неименувани извори од јапонското разузнавање.

Хари Казианис, експерт за Северна Кореја во истражувачкиот Центар за национални интереси во Вашингтон, рече дека покрај семејството Ким, кинеската вакцина ја примиле и неколку високи севернокорејски функционери.

Не е познато која фармацевтска компанија му ја доставила вакцината на севернокорејскиот лидер или дали е докажано безбедна, додаде Казианис.

URL

„Во изминатите две или три недели, Ким Џонг Ун и голем број други високи функционери во семејството Ким и властите биле вакцинирани против коронавирус благодарение на вакцината што ја разви кинеската Влада“, напиша Казианис во написот за порталот 19FortyFive.

Тој додаде дека најмалку три кинески компании работат на развој на вакцина против COVID-19, вклучително и Sinovac Biotech, CanSino Biologics и Sinopharm Group.

Sinopharm соопшти дека нивната вакцина веќе ја примиле скоро милион луѓе во Кина, иако не е познато дека некоја од трите компании ја почнала третата фаза на клинички испитувања на нивните експериментални вакцини за коронавирус.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе