Ким Џонг Ун тргна во војна против странските филмови и сленгот

Б.С.Б.
/ 07.06.2021 / 12:10

Северна Кореја неодамна воведе нов закон со кој сака да запре какво било странско влијание, строго казнувајќи ги сите оние кои кај себе имаат странски филмови, странска облека или ако зборуваат на сленг, пренесе BBC.

Замислете да живеете во земја без интернет, без социјални медиуми и со само неколку ТВ-канали коишто се под строг надзор на државата – тоа е животот во Северна Кореја. Сега, лидерот на таа земја одлучи да оди чекор понатаму па воведе закон со кој тргна во војна против странските филмови, сленгот, фармерките и други работи од странско потекло, пишува BBC.

Секој којшто ќе биде фатен со видео содржина од Јужна Кореја, САД или Јапонија го чека смртна казна, а на оние кои гледаат такви снимки им се заканува затвор од 15 години.

Неодамна, Џонг Ун напиша порака преку државните медиуми во кои ја повика Лигата на младите да преземе мери против индивидуалистичкото, антисоцијално однесување меѓу младите. Сега сака да ја запре употребата на странски изрази, фризури и облека за кои смета дека се „опасни отрови“.

Политичките аналитичари сметаат дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги запре надворешните информации кои доаѓаат до народот на Северна Кореја бидејќи животот во земјата станува сè потежок.

По затворањето на границите поради пандемијата, земјата е отсечена од надворешниот свет од кога било претходно.

Скоро во целост е запрена трговијата со соседна Кина.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе