Ким Јо Џонг до администрацијата на Бајден: Ако сакате да спиете мирно...

Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги предупреди САД да не „создаваат проблеми“ додека претседателот Џо Бајден се подготвува да ја утврди политиката кон Кореја, објави денеска BBC.

Во коментар за државните медиуми, Ким Јо Џонг ги критикуваше САД и Јужна Кореја за спроведување заеднички воени вежби.

Таа ги даде коментарите ден пред закажаното пристигнување на високи американски претставници во Сеул. Владата на САД соопшти дека со недели работи на воспоставување дипломатски контакт со Северна Кореја. Пјонгјанг сѐ уште не го призна Бајден за нов претседател на САД.

Северна Кореја не одговори на обидите на администрацијата на Бајден да воспостави неформален дипломатски контакт. Спорот меѓу двете земји околу нуклеарните и балистичките програми на Северна Кореја продолжува.

Официјалниот весник Rodong Sinmun ја цитираше изјавата на Ким Јо Џонг:

„Мал совет до новата американска администрација која се обидува да го пренесе мирисот на барут преку океанот до нашата земја. Ако сакаат да спијат мирно во следните четири години, подобро им е да се воздржат од правење проблеми уште во првиот чекор“.

Таа повтори дека нејзината земја се спротивставува на заедничките воени вежби - кои Северна Кореја ги опиша како подготовки за напад - велејќи: „Јужнокорејската влада сега повторно избира ‘марш на војна’, ‘марш на криза’“.

Ким Јо Џонг е помалата сестра на Ким Џонг Ун и единствената меѓу браќата и сестрите која важи за негов близок и моќен сојузник. Таа би можела да раководи со владата на Северна Кореја во отсуство на брат ѝ или ако нешто му се случи.

Ова не е првпат Ким Јо Џонг да покаже сила – лани во септември таа се закани дека ќе ја затвори канцеларијата за врски ако Јужна Кореја не ги спречи групите на пребегани Севернокорејци да праќаат летоци на Север.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе