Ким повторно се закани: Ќе употребам нуклеарно оружје

Б.С.Б.
/ 30.04.2022 / 16:14

Лидерот на  Северна Кореја, Ким Џонг Ун, предупреди дека земјата може превентивно да употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозена.

Според државната новинска агенција КЦНА, Ким изразил цврста волја да продолжи со развивање нуклеарно оружје за да може земјата, доколку е потребно, „превентивно и темелно да ги осуети сите опасни и заканувачки потези, вклучително и сите ескалирачки нуклеарни закани од непријателските сили“.

Ким ги пофали најзначајните воени претставници и нивната работа во текот на воената парада во понеделникот, кога земјата го покажа целиот нуклеарен арсенал, вклучително и интерконтиненталните балистички ракети кои потенцијално би можеле да стигнат до САД.

Беа прикажани и низа ракети на цврсто гориво со пократок домет кои се лансираат од копнени возила или подморници, а кои претставуваат закана за Јужна Кореја и Јапонија.

Обраќајќи се на илјадниците војници и присутни лица на парадата, Ким вети дека „ќе развие нуклеарни сили со најголема можна брзина“ и се закани дека ќе го употреби оружјето, ако биде провоциран. Изјави дека неговото нуклеарно оружје никогаш нема да биде ограничено на една мисија, а тоа е одвраќање од војна.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе