Кина се огласи за војната меѓу Хамас и Израел

Макфакс
/ 06.11.2023 / 14:57

Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, ќе направи сè што може за да го врати мирот на палестинските територии, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.

„Кина ќе направи сè за да го охрабри Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја игра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно побргу за да се олесни актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот“, изјави портпаролот на Министерството, Ван Венбин, на редовна прес-конференција.

Изјавата на Кина доаѓа откога Израел ја засили својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на агендата на Советот за безбедност во ноември, изјави Џан Јун, постојан претставник на Кина во ОН, пренесуваат државните медиуми.

„Императив е да се промовира прекин на огнот и да се запрат борбите, да се спречат дополнителни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширењето на конфликтот“, рече Џан, пренесе China Daily.

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Џаи Јун, штотуку ја заврши турнејата во регионот. Џаи, кој поради кризата се сретна со лидерите на неколку земји, причината за кризата меѓу Израел и Газа ја припиша на немањето гаранции за правата на Палестинците.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе