Кинески астронаути тврдат: Одгледувањето растенија во вселената напредува неочекувано добро

Кинеските астронаути неодамна почнаа да одгледуваат ориз и крес како дел од експериментот кој има за цел за прв пат да го репродуцира целиот животен циклус на едно растение во вселената.

Храната и нејзината лесна достапност е важен фактор кој влијае на опстанокот кога човекот ќе се најде на илјадници километри од Земјата. За да ги подобрат своите шанси во вселената, бројни научници и агенции спроведуваат истражување за одгледување растенија во услови на микрогравитација - а Кинеската академија на науките сега објави дека сличен нивен експеримент на вселенската станица Тиангон досега успешно напредува.

Кина со години успешно ја развива својата вселенска програма, спроведуваат експерименти во орбитата и имаат своја вселенска станица Тиангон-1 (天宫一号). За да бидат што поуспешни во „вселенската трка“, меѓу другото, се обидуваат да откријат како се одвива процесот на одгледување на растенија во услови на нулта гравитација.

Резултатите до кои стигнаа научниците сега покажуваат дека е можно да се одгледува храна далеку од Земјата, што значи дека долгорочните истражувачки мисии во иднина би можеле да бидат многу успешни. Истражувачот Џен Хуикјон објасни дека културите можат да се одгледуваат само во вештачки средини кои имитираат услови на Земјата.

Вселенска градина

Експериментот започнал на 29 јули, кога на вселенската станица Тиангон-1 биле засадени семки од крес и ориз. Потоа, на 8 и 12 август, астронаутите отвориле експериментални кабинети, во кои е можно да се смени силата на гравитацијата, да се складираат посевите на ниска температура и да се примени биотехнологијата.

Првите резултати ги надминале сите очекувања на научниците бидејќи стебленцата од ориз пораснале меѓу 5 и 30 см, додека кресот успешно никнал и развил по четири листови. Истакнуваат дека ова откритие е многу значајно, бидејќи им дава основа да веруваат дека во вселената можат успешно да се развијат и други култури како што се маслодајна репка, зелка и прокељ.

URL

До декември, растенијата ќе продолжат да растат, а екипажот ќе продолжи да го следи нивниот напредок. Целта на овој експеримент е подобро разбирање на животниот циклус на растенијата во вселената, како и испитување дали средини со микро т.е. нулта гравитација може да се искористи за да се зголеми продуктивноста на земјоделските култури на некој начин.

Ова не е првпат Кина да се вклучи во ваков експеримент, бидејќи пред две години нивната сонда испорача семе од ориз на Месечината и ги врати назад со цел да развијат нови сорти на зрна на Земјата. Од друга страна, експериментите на Меѓународната вселенска станица резултираа со вселенски пиперки, брокула и цветна градина. Додека научниците беа на Земјата, тие одгледуваа култури во лунарна прашина и потврдија дека во иднина би можеле да практикуваме земјоделство и на Марс.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Вести

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Read more

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Read more

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more
 

Гик

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе