Кинезите измислија сладолед што не се топи

Натписот „Made in China“ го среќаваме уште од мали нозе, но често е синоним за работи со сомнителен квалитет. Кинезите сега создадоа сладолед кој ја нема неговата основна карактеристика - не се топи, а веќе предизвика бројни реакции ширум интернетот.

Познатиот кинески бренд за сладолед Chicecream, кој се рекламира како кинеска алтернатива на брендот Magnum, наиде на критики откако некои луѓе забележаа дека нивните производи не се топат на високи температури. Ова не се случува ниту кога е изложен на отворен пламен, што ги поттикнува корисниците да се запрашаат кои состојки се наоѓаат во него.

Претходно оваа недела, корисниците на Weibo, кинеската верзија на Twitter, масовно споделуваа видеа на кои го тестираат сладоледот обидувајќи се да го стопат со запалка или други огнени уреди, што на крајот се покажа неуспешно.

URL

Еден од објавите покажува и како сладоледот со вкус на кокос останал цврст по 20 минути стоење на 31 степен, што е сосема спротивно од обичните сладоледи кои би се претвориле во течна состојба за неколку минути.

Сцените покренаа голема дебата на оваа платформа, доведувајќи ја во прашање безбедноста на луѓето кои ги консумираат овие производи, кои воопшто не се евтини, а некои од нив чинат и до 10 долари.

„Се прашувам што има таму. Дали воопшто ќе се стопи во стомакот?“, напиша еден корисник.

Се огласи и самата компанија која се обидува да се одбрани тврдејќи дека сите нивни производи се во согласност со стандардите за квалитет.

Велат дека во сладоледот е додадено 0,032 грама карагенан, додаток добиен од алги, што му овозможува на сладоледот да ја задржи првобитната форма во такви ситуации. Напоменаа и како нашироко се користи во сладоледи и пијалаци.

„Сметаме дека оценувањето на квалитетот на сладоледот врз основа на „печење“ или загревање на сладоледот е неосновано. Сите сладоледи се произведуваат според националните стандарди. Карагенанот им помага на млечните протеини да ја задржат својата валидност“, посочуваат од компанијата.

Инаку, Кина има долга историја на скандали поврзани со безбедноста на храната, а во 2019 година, според Daily Mail, оваа компанија била казнета со 1.120 фунти поради лажно рекламирање на нејзините состојки.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе