Кинезите направија НЛО: Електричното летало изгледа како да е вонземно

Ќе бидете воодушевени од кинеското летало кое изгледа како да излегло од научна фантастика.

Доколку деновиве се најдете во Шенжен, немојте да се изненадите ако ве прелета летечка чинија. Не, не се работи за вонземјани, туку за електрично возило што истражувачите од Нортвестерн и Универзитетот Беиган заеднички го развиваа во последните три години.

За време на настанот што месецов се одржа во кинеската „Силиконската долина“, граѓаните имаа можност да бидат сведоци на првиот лет на ова летало со многу необичен облик, кое навистина изгледа како нешто излезено од научна фантастика.

Ова возило во облик на летечка чинија е произведено од соодветно именуваната компанија - Shenzen UFO Flying Saucer Technology - и неговата кабина има едно седиште за пилотот. Има шест кружни отвори, а во секој од нив има по два, од вкупно 12 пропелера. Креаторите тврдат дека на овој начин најдобро го уредиле погонот, и обезбедиле максимална стабилност и безбедност.

За жал, еден од најголемите проблеми на електричните летала е моменталната технологија на батерии, која не е доволно напредна за да обезбеди подолго траење на летот, а истиот проблем ја мачи и кинеската „летечка чинија“ - пилотите можат да поминат само 15 минути во воздух. Се надеваме дека наскоро ќе видиме технолошки напредок што ќе ги отстрани овие ограничувања, а некои решенија се веќе на хоризонтот, како што е батеријата со цврста состојба на Xiaomi.

URL

Сепак, сѐ додека батеријата е наполнета, ова летало може да достигне брзина од 50 км/ч, како и висина од 200 метри, што е идеално за сите оние што сакаат панорамски поглед на околината, но и да исплашат случајни минувачи.

Технологијата на електричните летала значително напредна во последниве години. Бројни компании се тркаат што побрзо да ги донесат своите решенија на пазарот, па покрај првиот лет на целосно електричен авион, имавме можност да видиме и летечки такси, возила eVTOL за луксузни јахти, па дури и XPeng летечки автомобил, првото возило од ваков вид што доби дозвола да лета во Кина.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе