Кинезите тврдат дека е готово: Адеми го напушта Динамо

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми конечно ќе го напушти загрепски Динамо и ќе стане нов играч на кинески Бејџин Гуоан, велат вестите кои стигнуваат од Ориентот.

Кинескиот новинар Лиу Шианју тврди дека се решени и последните несогласувања околу финансиите на релација играч-клуб.

„Клупското раководство последниве денови работеше прекувремено. Гуоан изминативе година дена решаваше стари проблеми, вклучувајќи заостанати плати и спорови како надомест за раскинување на договори со странски играчи“.

„На Гуоан му беше забрането да носи нови играчи. Сега кога проблемот е решен, забраната повеќе ја нема. Освен Соуза, чие доаѓање е потврдено, стигнува и 32-годишниот (на 29 мај ќе полни 32, заб. на прев.) капитен на Динамо од Загреб. Наскоро тој ќе стане нов играч за врска на Гуоан“, информира Лиу.

Адеми му се приклчучи на Динамо во 2010 година кога дојде од редовите на Шибеник. Оттогаш одигра 358 натпревари на кои постигна 30 голови и запиша 41 асистенција. Се споменува отштета од 1 милион евра, пари кои треба да легнат на сметката на Динамо.

Изминативе години секој преоден рок се споменуваа разни дестинации за Адеми, од Премиер лигата, Серија А и Ла Лига, до Блискиот Исток, но тој остана во Динамо, дали поради финансиски малите понуди или малата отштета, не се знае.

За македонската репрезентација Адеми има одиграно 28 натпревари и постигнато 4 голови. Беше дел и од тимот кој настапи на ЕУРО 2020.

Бејџин Гуоан е клуб од главниот град Пекинг. Лани сезоната ја заврши на 7. место на најдобрата кинеска лига, од 18 екипи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе