Кисела Вода ја чисти огромната депонија во Бара, досега исчистени преку 70 депонии

Огромна дива депонија создадена од неодговорни граѓани се чисти денес во местото викано Бара во Општина Кисела Вода. На собирање на отпадот, настанат како последица од неодговорното однесување на поединци, ќе се работи цел ден, а по потреба и утре, сѐ до целосна елиминација на депонијата. Градоначалникот Ѓорѓиевски уште еднаш апелираше до граѓаните за совест и почитување на Законот за јавна чистота и потенцираше дека Кисела Вода ќе продолжи со посветена и ангажирана работа во насока на остварување на мисијата за чиста и зелена општина.

„Денес чистиме огромна дива депонија на местото викано Бара, која е настаната како резултат на неодговорно однесување и негрижа кон животната средина. Ќе се работи цел ден, а доколку има потреба и во текот на утрешниот, до конечно расчистување. Црни точки на мапата нема да дозволиме и нема да има толеранција кон никого! Почитувани, силно апелирам да бидеме поодговорни и да ја почитуваме животната средина во која живееме, нашиот дом. Загадувањето на средината во која што живееме носи последици по здравјето за сите подеднакво, вклучително и за оние кои загадуваат.

Мојата мисија е чиста, модерна и зелена Кисела Вода и нема да дозволиме никој да застане на патот кон таа цел“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Во изминатите две години Општина Кисела Вода преку своите ангажирани ресурси и конкретни теренски активности исчисти повеќе од 70 поголеми и средни диви депонии. Многу од нив се претворени во паркови и спортско рекреативни центри, како и во паркинзи. Ваквите акции ќе продолжат со засилена динамика и се надеваме дека и граѓаните преку совесно однесување ќе помогнат во остварување на оваа значајна мисија. Воедно, сакаме да информираме дека во периодот што следи ќе има засилени инспекциски контроли во насока на доследно спроведувње на Законот за јавна чистота“, додаде тој.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе