Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите размислувања во пресрет на натпреварот од 34. коло во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.
– Мора да победиме. Повеќе од 100 проценти. Ако не победиме, тогаш ќе ги изгубиме шансите за европско натпреварување. Ова е тежок предизвик за нив. Очекуваме тежок, интензивен натпревар. Ги гледавме Јунајтед против Рома и тие беа добри! „Летаа“ преку теренот. Сигурен сум дека тие сè уште мислат дека имаат шанси да ја освојат Премиер лигата, изјави Клоп.
Ливерпул утре ќе игра со Манчестер Јунајтед на гостински терен. Почетокот на средбата е закажана за 17:30 часот.
По 33 кола Ливерпул се наоѓа на 6. место на премиерлигашката табела со 54 освоени бода, додека Манчестер Јунајтед е втор со 67 бода.