не треба да се брза со укинување на мерките

Клуге: На добар пат сме да се спречи пандемијата

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска во Сараево рече дека тој е „претпазлив оптимист“ и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирусот, но предупреди дека не треба да се брза со укинување на мерките.

– Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот, изјави Клуге по состанокот со претставниците на Босна и Херцеговина, со кои разговараше за борбата против инфекцијата во земјата.

Клуге предупреди дека сепак е потребно да се задржи претпазливоста, бидејќи сè уште не е постигнат целосен успех, поради што мерките за ограничување треба да останат уште некое време за инфекцијата повторно да не се прошири неконтролирано.

– Она што се случи во Индија, може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати, рече Клуге.

Тој најави дека СЗО ќе стори сè што е во нејзина моќ да го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините, што, како што рече, е најдобар начин да се стави крај на пандемијата.

Клуге призна дека почетокот на вакцинацијата е неочекувано бавен, но додаде дека ова не е „рутинска имунизација“ затоа што обично се потребни од пет до седум години за да се развијат безбедни вакцини и дека е историски успех што за една година се развиени пет безбедни вакцини.

– СЗО е силно посветена на обезбедување јавно-приватно партнерство за забрзување на производството на вакцини, нивниот број и трансфер на технологија. Единствениот начин на кој можеме да излеземе од пандемијата е солидарноста, рече Клуге.

Тој потврди дека Западен Балкан останува приоритет за Европската канцеларија на СЗО.

Според него, властите во БиХ добро ја координирале борбата против COVID-19 и очекува дека тоа ефективно ќе придонесе за спроведување на стратешката визија за здравствените приоритети во следните четири години. 

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Свет

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе