Кои платформи ги прифатија „бегалците“ од Twitter?

Илон Маск ги набрка твитерџиите, се селат на алтернативни платформи.

Голем број корисници не се задоволни од начинот на кој Илон Маск управува со Twitter, ниту од промените кои милијардерот ги носи на социјалната мрежа, па бараат алтернативни платформи.

Радикалните потези на Маск, по преземањето на Twitter (отпуштање на илјадници работници, воведување задолжителна претплата за проверка на сметката, најава за враќање на блокираните профили и слично) ги натераа корисниците да размислуваат за префрлање на алтернативна платформа.

Неодамнешно истражување сугерира дека повеќе од милион луѓе веќе го напуштиле Twitter, од кои голем дел избраа неколку нови платформи слични на Twitter.

Mastodon се чини дека е најпопуларната опција во моментов. Оваа платформа, како и Twitter, се базира на објавување на кратки пораки. Секој корисник се најавува на независни сервери, кои ги има илјадници на број.

Основачот на Mastodon истакна дека на почетокот на неделата оваа платформа достигнала повеќе од еден милион месечни активни корисници, што секако не може да се спореди со 238 милиони активни корисници на Twitter, кои оваа социјална мрежа ги забележа во јуни.

Друга потенцијална мрежа која прифаќа „бегалци“ од Твитер е BlueSky, која ја започна еден од со-основачите на Twitter, Џек Дорси. Тука е и проектот Cohost, кој ветува дека нема да ги продава податоците на своите корисници.

Во екот на ситуацијата на Twitter, некои постари платформи, како што се Tumblr и Clubhouse, повторно станаа популарни.

Останува да се види колкава популарност ќе достигнат споменатите алтернативи, иако малкумина веруваат дека некоја од нив ќе го постигне успехот на Twitter во догледно време.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе