Кои разлики постојат меѓу машките и женските бебиња?

Истражувањата покажаа дека девојчињата многу побрзо учат да ги изразуваат своите чувства, додека момчињата нема толку брзо да ги покажат емоциите.

Резултати од бројни студии досега покажаа дека постојат неколку разлики меѓу машките и женските бебиња. И самите родители сведочат дека тие навистина и постојат.

На пример, некои веруваат дека девојчињата порано прозборуваат од машките деца, дека кај нив побрзо се развива емпатија. Други тврдат дека момчињата се почувствителни и им е потребно повеќе внимание. Секако, овие ставови потекнуваат од лично искуство и може да се разликуваат од дете до дете.

1. Социјални вештини

Студиите покажаа дека девојчињата се повеќе заинтересирани за читање лица додека момчињата се повеќе заинтересирани за физички движења. Девојчињата се почувствителни и емотивно поизразни од машките деца. Можат подобро да ги прочитаат емоциите кај другите и подобро чувствуваат што се случува во семејството.

2. Играчки

Бебињата не разликуваат играчки за момчиња и за девојчиња. Истражувањата покажуваат дека и машките деца сакаат кукли, што е сосем нормално. Девојчињата исто така сакаат да си играат со камиони, автобуси, авиони и автомобили. Нивните активности и игри се менуваат во зависност од годините, но не и нужно според полот. Играта зазема централна улога во развојот на детето, им овозможува вежбање различни улоги, доживување емоции и пробување нови работи.

3. Разговор

Некои истражувачи открија дека е поголема веројатноста момчињата подоцна да проговорат од девојчињата. Девојчињата често имаат побогат речник и порано сакаат да водат долги разговори. Тоа е така затоа што подобро им се развиени оние делови на мозокот одговорни за говор, затоа и покажуваат подобри резултати во раните комуникациски вештини.

4. Физичка активност

Момчињата се поактивни и пред раѓање. Истражувачите откриле дека поверојатно ќе ги видите момчињата како трчаат, скокаат и се качуваат на дрво отколку девојчињата, кои се склони на помирни игри и сакаат да се забавуваат дома.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе