Шест од 46-те земји-членки на Советот на Европа беа воздржани за време на историското гласање за исклучување на Русија од организацијата.
Одлуката за протерување на Русија беше поддржана од Парламентарното собрание на Советот на Европа со рекордно мнозинство, но ниту еден пратеник од шест земји не гласаше „за“. Тоа се Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Србија, Словачка, Словенија, пишува Eurointegration.
Меѓутоа, Русија не ја чекаше одлуката за исклучување од организацијата, туку реши да го напушти Советот на Европа.
Ваквата одлука на претставникот на БиХ е многу чудна со оглед на тоа што неодамна амбасадорот во Мисијата на БиХ во Советот на Европа Иван Орлиќ за Klix.ba потврди дека Босна и Херцеговина им се приклучила на земјите кои во февруари гласаа за суспензија на Русија во Советот на Европа..
Тогаш за суспензија гласаа 42 од 47 земји, а меѓу нив е и БиХ. Против беа Русија, Ерменија и Азербејџан, а Турција воздржана, а Србија не присуствуваше на состанокот. Но, суспензијата и исклучувањето од членството се две различни работи.
Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое гласаше вчера, е тело составено од членови на парламентите на земјите-членки на Советот на Европа. Прашање е зошто парламентарците кои ја претставуваат БиХ не го следеа ставот на амбасадорот Иван Орлиќ, односно БиХ.
Претставниците на Руската Федерација ја информирале генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, дека државата се повлекува од оваа институција.
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија, ваквата одлука е донесена поради одлуката на западните земји да водат, како што се наведува, антируска политика од почетокот на војната во Украина.
Советот на Европа е формиран по Втората светска војна за да ги заштити човековите права и владеењето на правото низ целиот континент и е одделен од Европската Унија.